Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Фулис – Полихроно


BLACK WEEK SALE 23.11 – 30.11.2022

ПОПУСТ  – 20% за комплетни уплати

Вила ФУЛИС  се наоѓа во мирен дел на влeзот во Полихроно, оддалечена на 50м од плажа. Располага со 1/3+1 апартмани (еден дупли и еден единечен во спалната соба и еден единечен кревет во кујната), лоцирирани на 1 и 2 кат со страничен поглед кон море. Капацитетот е 3 возрасни и едно дете до 12год.  Секој апартман е опремен со мини кујна, бања, балкон, ТВ,  WiFi – од 01 Јуни и клима уред, вклучен во цената.

Ценовник

ЦЕНИТЕ во табелата се однесуваат за наем на апартман за 7 ноќевања

 

ТЕРМИН НАЕМ 1/3 + 1 апп
21.05 7 ноќи 150
28.05 7 ноќи 220
04.06 7 ноќи 260
11.06 7 ноќи 350
18.06 7 ноќи 420
25.06 7 ноќи 450
02.07 7 ноќи 470
09.07 7 ноќи 490
16.07 7 ноќи 540
23.07 7 ноќи 540
30.07 7 ноќи 540
06.08 7 ноќи 540
13.08 7 ноќи 540
20.08 7 ноќи 480
27.08 7 ноќи 400
03.09 7 ноќи 350
10.09 7 ноќи 270
17.09 7 ноќи 230
24.09 7 ноќи 150

Услови и напомени

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања.

Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден, се плаќа во објектот.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 45€ / Еден правец 35€

деца до 12 години 35 € / Еден правец 30 €

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

Галерија

Лето 2023