Вила Нектариос се наоѓа во Полихроно, на прва линија покрај плажа, покрај камениот споменик во Полихорно. Располага со мал број на соби и е идеална за оние кој преферираат плажата да им е близу.
Вила не располага со сопствен паркинг, сите соби имаат клима (вклучена во цената), тв, сопствен тоалет, мини кујна опремена со основен прибор за готвење и јадење, балкон, wi-fi (за брзината на интернетот не гарантираме) и вилата не располага со пешкири.
Вилата располага со 4 соби од кој, две трокреветни, еден апартман со една спална за пет лица, и еден двоспален апартман за 4 лица.
Трокреветните студиа се наоѓаат на приземје, и балконот е во правец кон друга вила, имаат еден дупли кревет и едно единечно легло, кујната е одделена од спалниот дел кој се затвара со врата, располагаат со сопствен тоалет со туш кадичка, кујната е опремена со основен прибор за готвење и јадење и мал фрижидер, имаат ТВ и клима вклучена во цената.
Двоспалниот апартман се наоѓа на прв спрат и истиот се состои од кујна опремена за готвење и јадење, од неа се влага во две посебни спални од кои едната е со две единечни легла, другата со еден спален кревет, овој апартман има балкон со поглед на море.
Едноспалниот апартман се наоѓа на прв спрат и истиот се состои од две простории, погодни за сместување на 5 возрасни лица, т.е во спалната има 3 единечни легла и тераса која гледа према море, и голема просторија каде е кујната опремена со основен прибор за готвење и јадење, и две единечни легла.