Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

С Мезонета – Пефкохори


–10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И 50% УПЛАТЕНИ ДО 19.06.2021

На 100 километри од Солун, веднаш по Полихроно и Ханиоти, доаѓаме до живописниото место Пефкохори, познато по својата песочна плажа, кристално чисто море и одличен ноќен живот. Името на ова туристичко село во превод значи боровo село и доаѓа од изобилството на борови шуми во областа. Од брегот има прекрасен поглед на Атос и полуостровот Ситонија. На плажата има лежалки и чадори, кои најчесто се обезбедуваат бесплатно со пијалок од баровите и кафулињата кои се нанижани едно до друго покрај плажата. Плажата секоја година добива сино знаме затоа што е организирана и чиста.Ноќниот живот во Пефкохори, кога зборуваме за Касандра, е највозбудлив. Шеталиштето покрај брегот во вечерните часови се претвора во голема забава на отворено. Музика, многу луѓе, забава на секој чекор. Поради добрата атмосфера во вечерните часови, туристите доаѓаат од околните места, па сè е многу живо.

С-ТРАВЕЛ МЕЗОНЕТА – се наоѓа во стариот дел на Пефкохори, прекрасен дел опкружен со цркви, маркети, таверни, стари улички…. На  1мин. од Μasoutis маркетот и на 4 мин од најшироката и плажа во Пефкохори.  Мезонетата се со состои :
ПРВ спрат – салон, кујна, камин,  кревeт на спуштање (големина на брачен кревет) и уште еден кревет на равлекување (погоден за еден возрасен или 2 деца до 6 год.), ТВ. клима, тоалет,  и 2 тераси од предната и од задната страна.
ВТОР спрат  – 2 спални соби со брачен кревет, тоалет и 2 тераси од предната и задната страна.

ЛОКАЦИЈА: GPS Кординати:  39°59’18.3″N 23°36’35.2″E

https://maps.app.goo.gl/cSPqFjHzBhvYC31t8

Одалеченост:
Солунски аеродром: 95км
Ханиоти: 4км
Полихроно: 8км
Калитеа: 19км
Центар на Пефкохори 650м

Check in:   14:00h.
Check out: 09:00h

На промо цените не следува попуст за 2 последователни термини и попуст за рана резервација.

При резервации се уплаќа аванс од 30% од вредноста на аранжманот, а остатокот по потврдувањето на резервацијата, и тоа најдоцна до 15 дена пред реализацијата на аранжманот.

Ценовник

Период Ноќи 4 лица 6 лица 8 лица Коментар
22.05-29.05.2022 7 119€ 139€ 159€ Промо
29.05-05.06.2022 7 149€ 169€ 189€ Промо
05.06-12.06.2022 7 179€ 199€ 215€  
12.06-19.06.2022 7 259€ 279€ 305€  
19.06-26.06.2022 7 349€ 379€ 405€  
26.06-03.07.2022 7 419€ 439€ 465€  
03.07-10.07.2022 7 429€ 459€ 495€  
10.07-17.07.2022 7 459€ 489€ 535€  
17.07-24.07.2022 7 529€ 569€ 595€  
24.07-31.07.2022 7 529€ 569€ 595€  
31.07-07.08.2022 7 529€ 549€ 595€  
07.08-14.08.2022 7 529€ 569€ 595€  
14.08-21.08.2022 7 529€ 569€ 595€  
21.08-28.08.2022 7 499€ 519€ 535€  
28.08-04.09.2022 7 439€ 459€ 475€  
04.09-11.09.2022 7 379€ 399€ 425€  
11.09-18.09.2022 7 319€ 329€ 345€ промо
18.09-25.09.2022 7 209€ 229€ 245€ промо

Услови и напомени

Плаќањето е во денарска противвредност    1 Евро = 62 денари.

Во цената е вклучено:

  • Ноќевање,
  • клима уред 
  • wi-fi.

Во цената не е вклучено:

  • Превоз,
  • патничко осигурување,
  • туристичка такса 0,50 еур на ден, (се плаќа во агенцијата).

Информации; цени, време на поаѓање, места на поаѓање до/од

Цена по лице за превоз од Скопје за Халкидики   (секоја Недела) време на поаѓање цена
Скопје – Дрводекор 04;00 40 €
Велес – БП мотел Македонија 04;30 40 €
Штип – паркинг пред пошта, трансфер до Велес 03;40 50 €
Струмица – БП Макпетрол кај нов кружен тек, трансфер до Удово 05;00 45 €
Неготино – бензинска, Неготино 05;00 40 €
Удово – бензинска Удово 05;40 40 €
Граничен премин – бензинска Шимов 06;00 40 €

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

Цена по лице за превоз од Битола за Халкидики (секоја Недела) време на поаѓање цена
Битола – Автобуска станица Транскоп – на перон 04;00 40 €
Прилеп – БП Селида,  трансфер до Битола 03;15 40€
Струга – Хотел Дрим, трансфер до Битола 02;15 45 €
Кичево – БП Пуцко Петрол, трансфер до Битола 02;15 55 €
Охрид – БП Лук Оил излез кон Битола, трансфер до Битола 02;30 45 €
Ресен – спроти автобуска станица, трансфер до Битола 03;15 45 €

Деца од 2-11,99 год – попуст од 10€ од редовната цена
Деца до 1,99 год – бесплатно и не користат седиште
Релациите кои се наведени како (трансфер) се реализираат со патнички возила или комбe

ЧАС И МЕСТО НА ПОАЃАЊЕ ОД ГРЦИЈА

локално (грчко)  време македонско време летовалиште
15:00 14:00 Калитеа
14:45 14:00 Полихроно
14:30 13:30 Ханиоти
14:15 13:15 Пефкохори

 

Галерија

Лето 2022