Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Yiannis – Полихроно


Вилата Yiannis се наоѓа во центарот на Полихроно , на сама плажа, каде што плажата е најширока и песочна . Сите соби се опремени со кујна , LCD телевизор , Wi – Fi и клима – бесплатно. Сите соби имаат големи балкони од кои , 1/4 апартман и 1/3 студиата имаат директен поглед на море , а 1/2 студиа се со поглед кон градот.

Дозволени се домашни миленици ( без доплата )

Во 1/4 апартманите можат да се сместат 2+2 деца или 4 возрасни лица

Во 1/3 студиа можат да се сместат 2+1 дете или 3 возрасни лица

Во 1/2 студиа можат да се сместат 2+1 дете или 2 возрасни лица

Ценовник

Период Бр.на ноќи 1/2 СТД 1/3 СТД 1/4 АПП
28.05 – 04.06 7 119 189 249
04.06 – 11.06 7 249 269 329
11.06 –  18.06 7 289 339 419
18.06 –  25.06 7 309 359 479
25.06 –  02.07 7 399 469 559
02.07 – 09.07 7 429 539 619
09.07 – 16.07 7 429 539 619
16.07 – 23.07 7 429 539 619
23.07 – 30.07 7 429 539 619
30.07 – 06.08 7 429 539 619
06.08 – 13.08 7 429 539 619
13.08 – 20.08 7 399 519 599
20.08 – 27.08 7 399 519 599
27.08 – 03.09 7 309 359 479
03.09 – 10.09 7 289 339 419
10.09 – 17.09 7 249 269 329
17.09 – 24.09 7 119 189 249

Услови и напомени

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

НАПОМЕНИ:

ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања без превоз.

Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд).

За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин. Попустот важи само на редовни цени.

Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената.

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.

Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.

Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број, може, на дополнително барање да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни.

Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето.

Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.

Превземање на собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот.

По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.

Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.

Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз. За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно. При влез во автобус задолжително е мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај. За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот. Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.

Цена за превоз:

Превоз за возрасен 40€ / Еден правец 30€

деца до 12 години 30€ / Еден правец 25€.

Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно

Датумот во табелата е термин на тргнување, состанок на група половина час пред наведеното време. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Патникот е должен минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање да се информира за потврда за времето и местото на поаѓање.

Важат општите услови за патувањe на СКТМ !

Галерија

Лето 2022