Вила Армониа – Б кат се наоѓа на околу 2 км од познатата плажа Катизма и 1км од Агиос Никитас. Располага со студија и апартмани во кои можат да се сместат 2-4 лица. Нуди приватен паркинг, интернет и рецепција. Има одлична локација за обиколка на плажите на западниот брег. Најблиската самопослуга и пекара се на 1 км, во Агиос Никитас.
Вила Армонија располага со 1/2 студија од 20м2 со брачен кревет плус дополнителен кревет со душек со стандардни димензии и 1/2 студиа со дополнителен кревен на оторање и можност за сместување на двајца возрасни и две деца..
Сите сместувачки единици во вилата имаат клима, ТВ, кујна (две рингли и мал фрижидер со комора), бања со фен и тераса. Безжичен интернет е достапен во сите соби. Вилата располага со мала рецепција која е достапна за гостите во текот на денот за секаква помош и информација, како и паркинг за сите гости. До вилата ќе стигнете со возење на 10 км од Лефкас, поминувајќи го Агиос Никитас и по 1 км ќе ја најдете вилата Армонија од десната страна. Вила Армонија е идеална за сите патници кои сакаат сместување во близина на плажата Катисма, блиску до населени места како што сликовитото селце Агиос Никитас кое располага со прекрасна плажа од каде поаѓаат такси бтотчињата до плажата Милос, многу ресторани, продавници. Во Агиос Никитас ќе можете да изнајмите кола или мотор по желба, доколку сте без сопствен превоз.