Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Спирос – Агиос Никитас


ПОПУСТИ:

15% до 31.01.2023

10% до 28.02.2023

Лефкада е остров на Јонскиот Архипелаг, кој се наоѓа јужно од Крф и североисточно од Кефалонија, а со континенталниот дел на Грција е поврзана со подвижен мост. Островот со причина го нарекуваат островот на бојата: белата боја на карпите, школките и песокта по кои го добила и името; сината боја на морето која може да се спореди со морињата во некои далечни егзотични дестинации; зеленилото на боровите, чемпресите, шаренилото на цвеќињата, маслиновите дрвја…Големиот број на таверни, барови, ресторани ќе го направат Вашиот одмор уште попријатен. Најпознатите и најубави плажи на островот Порто Кацики, Егремни, Милос, Катисма…со својата убавина никој нема да го остави рамнодушен. Нидри е најголем и најпознат туристички град кој се наоѓа на југоисточниот дел на островот. Сместен е во залив опкружен со малите островчиња Мадури, Меганиси, Скорпио кои се сопственост на Оназис. Ова летовалиште изобилува со продавници, таверни, ресторани, кафулиња и има долга градска плажа Нидри.

АГИОС НИКИТАС е идеално место за патниците кои сакаат да ја запознаат традиционалната Грција. Сместено е не ридче помеѓу маслинови и борови дрва и прекрасен поглед кон тиркизната вода на Јонското море. Местото плени со прекраасната традиционална грчка архитектура, камени улици и голем број на традиционални ресторани каде може да се вкуси најразлична вкусна храна. Во близина на Агиос Никитас се наоѓаат некои од најубавите плажи во Европа, на југ од селото се наоѓа Milos Beach именувана по разрушена мелница, на север од селото се наоѓа Pefkoulia Beach позната и како Agios Nikitas Beach. Исто така на овој дел од островот се сместени и плажите Porto Katsiki, Egremni, Kathisma, Ligia.

Студија Спирос Ц кат – Агиос Никитас  се сместени  во северозападната  страна на островот Лефкада на 300 метри од магичната песочна плажа. Вилата располага со двокреветни и трокреветни студија  опремени во традиционален  стил: телевизор, клима 5 Еур/ден , кујна,  купатило и тераса . Сите студија излегуваат на поврзана  тераса  со делумен поглед на море. ЕКО студијата се наоѓаат на приземје и се со помала квадратура од стандардните студија, опремени стандардно со тоалет, клима, ТВ и кујна.. НАПОМЕНА: Студијата заради ограниченоста на просторот, се со типичен традиционален изглед,  скромен квалитет и мала комфорност.

GPS 38.7885431469174, 20.613378051575378

Ценовник

ПОПУСТИ: 15% до 31.01.2023 10% до 28.02.2023
Вила Спирос Ц кат Агиос Никитас Maj Јуни Јули Август Септември
/ / / 14 21 28 05 12 19 26 02 09 16 23 30 06 / /
Број на ноќевања 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7 7
1/2 студио ( 2 лица) / / / 249 279 339 359 399 419 419 419 419 419 399 349 299 / /
1/2+1 ст. (3 лица) / / / 269 299 359 379 419 439 439 439 439 439 419 369 329 / /
Коментар / / / / / / / / / / / / / / / / / /
Цените се дадени за наем на студио на 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62 ден/Еур.
Дозволено е сместување према капацитетот на студио(број на кревети), освен 1 дете до 7 години во кревет со родител.
Автобуски превоз 60 Еур возрасни – Скопје, Велес, Кавадарци Автобус 55 еур возрасни: Прилеп, Битола. Доплата за превоз 5 Еур Охрид и Струга
Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 10 Евра од редовната цена.
Клима 5 Еур/ден. За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст.
Важат Општите услови за патување на СКТМ.

Превоз

Време на поаѓање кон Грција:

01:00 h Скопје (Дрводекор)
01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија)
12:45 h Штип (паркинг пред пошта)
02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново)
03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лукоил)
04:00 h Битола (Главна автобуска станица)
03.15 h Ресен (спроти автобуска станица) – Трансфер до Битола
02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
02.15 h Струга (Хотел Дрим) – Трансвер до Битола
02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

 Време на заминување од Грција:

(времињата се по МК време)

Бус Лефкада

Агиос Никитас 12.30 часот
Нидри 13.00 часот
Никиана 13.30 часот
Канали 14.15 часот

Бус Парга – Врахос

Врахос 13.00 часот
Амудиа 13.15 часот
Парга 13.45 часот

Галерија

Лето 2023