Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Blue Apartments – Крф


Цените по лице почнуваат од: 109 €

Категории , , ,

Од линиите на националното знаме до варосаните коцкасти вили и пенливото море, Грција носи сино – бела униформа, но Крф додава дополнителна боја во мешавината – зелена.  Познат како “Зелениот Смарагд“, вториот по големина од Јонските Острови е покриен со бујна вегетација, зелени површини, сафирно сина боја на морето, а населението е со многу мирен и отворен дух за туристи кои ги сакаат музиката и танцот, празниците кои се слават со фешти, особено за велигденските празници.

Богат со разновидна историја, го прави еден од најубавите острови во Грција. Со архитектура која го има шармот на Париз, Венеција и Лондон. Големиот број на тесни улички со куќи се речиси непроменети до денес, со цел да се задржи автентичноста и карактерот на градот. Малите улички му даваат посебна отменост на стариот град, наместа се толку тесни што можете со раширени раце да ги допрете куќите од двете страни. Изобилува со мали фонтани и плоштади, старите млетачки куќи во кои денес се сместени многубројните таверни, галерии и продавници за сувенири, бројни цркви.

Програма на патување

00 ДЕН СКОПЈЕ – КРФ Состанок на групата пред Хотел Континентал во 22:00 часот ден пред почетокот на аранжманот. Тргнување во 22:30 часот. Ноќно патување со попатни паузи и царински формалности. Во раните утрински часови пауза на Јанина (Stop&Go). Патувањето продолжува до Игуменица од каде се качуваме на траект и за нешто помалку од 2 часа пристигнуваме на пристаништето во градот Крф. Од таму за 20 мин. пристигнуваме во Ипсос. Сместување во вилата од 14:00 часот.

01-07 ДЕН КРФ Престој во Вилата со можност за факултативни екскурзии.

08 ДЕН КРФ – СКОПЈЕ За времето на враќање ќе имате координација со водичот кој цело време ќе биде со вас за организација на екскурзиите. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Ценовик

Крф Лето 2024
ТЕРМИНИ Број на ноќевања Редовна цена по лице / ПРОМО ЦЕНА
01.06 – 08.06.2024 7 ноќи 139 / 119 €
08.06 – 15.06.2024 7 ноќи 169 / 139 €
15.06 – 22.06.2024 7 ноќи 179 /  159 €
22.06 – 29.06.2024 7 ноќи 189   / 169 €
29.06 – 06.07.2024 7 ноќи 199 / 179
06.07 – 13.07.2024 7 ноќи 219 / 199 €
13.07 – 19.07.2024 6 ноќи 239 / 219 €
20.07 – 27.07.2024 7 ноќи 269
27.07 – 03.08.2024 7 ноќи 269
03.08 – 10.08.2024 7 ноќи 269
10.08 – 17.08.2024 7 ноќи 269
17.08 – 24.08.2024 7 ноќи 269
24.08 – 31.08.2024 7 ноќи 239 / 219
31.08 – 07.09.2024 7 ноќи 209 / 189 €
07.09 – 14.09.2024 7 ноќи 199 / 179 €
14.09 – 21.09.2024 7 ноќи 179 /  159 €
21.09 – 28.09.2024 7 ноќи 159 /  139 €
28.09 – 05.10.2024 7 ноќи 139 / 109

Услови и напомени

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Автобуски превоз Скопје – Ипсос (Крф) – Скопје
  • 7 ноќевања во студија/апартмани во Ипсос на база на наем
  • Пратител за време на патувањето
  • Организирана програма за секој ден низ островот
  • Водич за време на престојот
  • Трошоци за организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Траект Игуменица – Крф – Игуменица
  • Факултативни излети
  • Туристичка такса
  • Патничко осигурување (задолжително)
  • Индивидуални трошоци на патниците 

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ:

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден.
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура. 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

– За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ.

– Цените се по лице за 7 ноќевања/8 дена.

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од датумот на завршување на патувањето.

– Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот (тргнувањето е ден порано).

– За еднокреветна соба се доплаќа плус 70% од редовната цена.

– За сопствен превоз се одземаат 20 € од редовната цена на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.

– Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.

– Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.

– Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.

– Сместување во собите е по 14:00 часот, а напуштање на истите е до 09:00 часот по локално време.

– Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.

– Цените објавени во табелите се конечни. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

– Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата.

– Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

Пред секое патување Ве молиме, внимателно да ги прочитате Општите услови за патување.

Галерија

Лето 2024