Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Крф (Corfu) – Лето 2023


ПРОМО ЦЕНИ ОД: 109 € 

(за уплати до: 15.04.2023) 

Од линиите на националното знаме до варосаните коцкасти вили и пенливото море, Грција  носи сино – бела униформа, но Крф додава дополнителна боја во мешавината – зелена. Познат како “Зелениот Смарагд“, вториот по големина од Јонските Острови е покриен со  бујна вегетација, зелени површини, сафирно сина боја на морето, а населението е со многу  мирен и отворен дух за туристи кои ги сакаат музиката и танцот, празниците кои се  слават со фешти, особено за велигденските празници. Богат со разновидна историја, го  прави еден од најубавите острови во Грција. Со архитектура која го има шармот на Париз,  Венеција и Лондон. Големиот број на тесни улички со куќи се речиси непроменети до денес, со цел да се задржи автентичноста и карактерот на градот. Малите улички му даваат  посебна отменост на стариот град, наместа се толку тесни што можете со раширени  раце да ги допрете куќите од двете страни. Изобилува со мали фонтани и плоштади,  старите млетачки куќи во кои денес се сместени многубројните таверни, галерии и  продавници за сувенири, бројни цркви. 

Програма

Состанок на групата на паркингот на Холидеј Ин во 22:00 часот ден пред почетокот на  аранжманот. Тргнување во 22:30h. Попатно застанување и собирање на патници во Велес, Неготино, Удово. Се патува преку Гевгелија. Во раните утрински часови пауза на Јанина  (Stop&Go). Патувањето продолжува до Игуменица од каде се качуваме на траект и за нешто  помалку од 2 часа пристигнуваме на пристаништето во градот Крф. Од таму за 20 мин. пристигнуваме во Ипсос. 

За времето на враќање ќе имате координација со водичот кој цело време ќе биде со вас за  организација на екскурзиите. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Ценовник

 

ТЕРМИНИ Број на  

ноќевања

Редовна цена по лице ПРОМО цена по лице 
27.05 – 03.06.2023  7 ноќи  109 €  /
03.06 – 10.06.2023  7 ноќи  129 €  109 €
10.06 – 17.06.2023  7 ноќи  139 €  119 €
17.06 – 24.06.2023  7 ноќи  149 €  129 €
24.06 – 01.07.2023  7 ноќи  169 €  149 €
01.07 – 08.07.2023  7 ноќи  189 €  169 €
08.07 – 15.07.2023  7 ноќи  209 €  189 €

 

27.08 – 02.09.2023  6 ноќи  199 €  /
02.09 – 09.09.2023  7 ноќи  189 €  /
09.09 – 16.09.2023  7 ноќи  159 €  /
16.09 – 23.09.2023  7 ноќи  139 €  /
23.09 – 30.09.2023  7 ноќи  109 €  /

ПРОМО ЦЕНИ ОД: 109 € 

(за уплати до: 15.04.2023) 

Услови и напомени

Напомена: 

  • Цените се по лице за 7 ноќевања/8 дена.
  • За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот (тргнувањето е ден порано).
  • За сопствен превоз се одземаат 20 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф.
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање. 
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Сместување во собите е по 14:00 часот, а напуштање на истите е до 09:00 часот по локално време.
  • Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Цените објавени во табелите се конечни. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската  во кој-било објект од целата понуда. 
  • Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се  откаже аранжман или да се промени термин на резервацијата. 
  • Агенцијата организира превоз со придружник на групата, до местото кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 

  • Автобуски превоз Скопје – Ипсос (Крф) – Скопје
  • 7 ноќевања во студија/апартмани во Ипсос на база на наем
  • Пратител за време на патувањето
  • Организирана програма за секој ден низ островот
  • Водич за време на престојот
  • Трошоци за организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 

  • Траект Игуменица – Крф – Игуменица 
  • Факултативни излети и индивидуални трошоци на патниците
  • Патничко осигурување (задолжително)
  • Други услуги кои не се наведени во програмата

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ: 

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден. 
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот  износ и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.  Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.  

ОПШТИ НАПОМЕНИ: 

– За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ. 

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето. 

Галерија

Лето 2023