Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Павлос – Скијатос


Глобалниот тренд на уникатни сместувачки капацитети не поттикна да ви овозможиме сместување на Скијатос кој ќе ги опфати сите три димензии на летниот одмор. Почнувајќи од спор летен одмор покрај базен кој го краси медитеранскиот дворот на нашата вила, организиран безбеден секојдневен превоз до најпознатите песочни плажи кои ги посетувале светски реномирани имиња па се до посета на локалните атракции во Скијатос кои се на само неколку минути пеш од вилата.

Островот Скијатос и вила Павлос ќе ви дадат една поинаква перцепција на вашиот летен одмор. Вилата е идеална е за луѓе кои бараат комфор од една страна и авантура од друга страна. Според нас, да се пие утринско кафе на балкон оддалечен само неколку минути од популарниот аеродром во Скијатос е повеќе од доживување.

Земајќи ја предвид популарноста на островот и она што тој го нуди, не би размислувале дали да одбереме еден или два термина во ова уникатна вила.
Tие кои си резервираат по промо цени, летуваат поевтино. Секоја година нудиме ниски цени за така и оваа со цени од 104 eвра за 7 ноќевања.

Ценовник

Teрмини Цени
23.05 – 30.05.2024 104 €
30.05 – 06.06.2024 112 €
06.06 – 13.06.2024 125 €
13.06 – 20.06.2024 137 €
20.06 – 27.06.2024 157€
27.06 – 04.07.2024 198 €
04.07 – 11.07.2024 231 €
11.07 – 18.07.2024 262 €
18.07 – 25.07.2024 262 €
25.07 – 01.08.2024 262 €
01.08 – 08.08.2024 262 €
08.08 – 15.08.2024 262 €
15.08 – 22.08.2024 262 €
22.08 – 29.08.2024 231 €
29.08 – 05.09.2024 204 €
05.09 – 12.09.2024 159 €
12.09 – 19.09.2024 133 €
19.09 – 26.09.2024 133 €

Факлутативни излети

Kuunaries Beach – Цената на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото
Кукунариес е една од најпознатите плажи на Скијатос., се наоѓа на јужната страна на островот. Плажата е пространа и секој може да ужива на свој начин. Во бројните барови што се одоколу можете да се напиете Фрапе, ладно пиво или да се опуштите на лежалка со некоја книга.  За љубителите на водни спортови има можност адреналински да го поминат денот, а секако имате и помирен дел каде што можете да уживате во интимна атмосфера.
Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos – Цената на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото
Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.  Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.

Banana beach – Цената на излетот ќе биде објавена пред почетокот на летото
Веќе ви спомнавме дека овој остров е идеален за млади, љубители на денска и ноќна журка. Плажата БАНАНА е идеално место за младите посетители и секако за сите со млад дух.  Овде имате Dj од пладне до полноќ. Журката е во полн ек уште во поладневните часови и трае со исто темпо до полноќ. Море, музика, пијачка, млади и разиграни луѓе, што повеќе може да посакате. Ова место навистина ќе ви се допадне и нема да ви здосади дури и секој ден од вашиот одмор да бидете тука. Секако ова не е класичен одмор, вака малку ќе се заморите, но кога ќе се вратите ќе спиете дома, може нели?!

Услови и напомени

Во цената на аранжманот е вклучено:
-7 ноќевања – 8 дена на во вила Павлос
-Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
-Туристички пратител за време на патувањето
-Претставник од агенција за време на престојот
-Цените се изразени по лице за 7 ноќевања

Во цената на аранжманот не е вклучено:
-Дополнителeлни 36€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 5 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
-Доплата за туристичка такса, 3.5 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите
-Седиштата се нумерирани и секој патник седи според бројот на уплата
-Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице

Напомени:

  • За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За споен термин се сметат две суми од промо цените.
  • За промо и BLACK FRIDAY цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени(ова не важи за промо цените ).
  • Поаѓањето е ден претходно од дадените термини во табелите или поточно секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект фирмата.
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и се пресметува од редовната цена.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Активните попусти не се комбинират со други попусти
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 10:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
  • Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
  • При генерално чистење на секоја смена, студиото се напушта во 10:00ч по локално време.
  • Студиото кое се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
  • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори а  Ескејп травел  како агенција нема било каква   одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Објектот располага со 1/2 и 1/3 студиа на приземје и кат.
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first,last minute,Black Friday или промо понуда,  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се  разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Галерија

Лето 2024