Тасос навистина е скапоцен камен на Егејското море. Повеќе луѓе, процентуално, се враќаат на Тасос откако веќе еднаш ќе го посетат споредено со кој било друг грчки остров. За оние кои не се запознаени со ова посебно место на земјата, Тасос е најсеверниот грчки остров кој се наоѓа на околу 8 километри од пристаништето Керомоти, а најблискиот град е Кавала. Тасос по површина е 12-ти остров по големина во Грција. Тасос е исто така име на најголемиот град на островот – Лименас.
Лименас е сместен на северниот брег на островите, тој претставува микс на модерни згради и археолошки урнатини. Остатоците од храмови, театри, порти, базилики и sидини среќно коегзистираат заедно со модернистичките домови, хотели таверни, кафулиња и административни згради. Центарот на античкиот град окупира крајбрежен тракт преку кој стрмните падини водат кон акрополата од чии урнатини се дава општ преглед на формата и состојбата на градовите, древна и модерна.
Локација: 500 метри оддалеченост од плажа, во централниот дел на Лименас.
Сместување: Четирикреветни дуплекси (две одвоени со одвоена кујна), четворокреветни апартмани, отворен базен, PET FRIENDLY.
Опремa: Опремена кујна, ТВ, бања, тераса, сеф, WI-FI и клима уред вклучен во цената.