Опис
ВИЛА “НАМА“ 50 МЕТРИ ОД ПЛАЖА
МОРЕ – ПЛАНИНА – БОРОВА ШУМА
Најсеверниот остров на грчкиот архипелаг.На оддалеченост од 400км. и 30 мин.возење со траект се пристигнува на островот Тасос.Зелен остров комбинација на море и планина со чисти песочни плажи и тиркизна сина боја на морето.Изобилува со борова шума и мирис на медовина,природни сенки и планински возвишенија.Ипсарион со 1.204мнв е планината која гордо извишена стои над плажата Скала Потамиа и Голден биџ.Во должина од 3км.се простира плажата на Скала Потамиа и Голден Бич споени во една плажа , означени со плаво знаменце за чистота и квалитет.Кога сонцето ќе го достигне зенитот на својот одсјај , плажата асоцира на злато.
Вила “НАМА“ лоцирана во Скала Потамиа на оддалеченост околу 50 тина метри од плажата Голден биџ.Извонредна местоположба на вилата која излегува на една од најубавите плажи на островот.На само неколку метри од вилата има супермаркети,ресторани,таверни …..
Први кат
АПАРТМАН БР.1 (1/2) + (1/2)
Апартманот се наоѓа на први кат и располага со две простории.Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар,мал фрижидер,шпорет со две рингли ,аспиратор,микробранова печка,чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица.Овде има плакар за алишта и клима уред.Од оваа просторија се излегува на тераса со поглед во двор полн со зеленило.Втората просторија е спланата соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, тв и сеф за лични работи. Апартманот располага со стандардно купатило и WC со фен за коса.
АПАРТМАН БР.2 (1/2) + (1/2)
Апартманот се наоѓа на први кат и располага со две простории.Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар,мал фрижидер,шпорет со две рингли ,аспиратор,микробранова печка,чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица.Овде има плакар за алишта и клима уред.Од кујната се излегува на тераса со поглед во убав двор полн со зеленило.Втората просторија е спланата соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, тв и сеф за лични работи.И од спалната соба се излегува на тераса со поглед во убав двор со зеленило. Апартманот располага со стандардно купатило и WC со фен за коса.
АПАРТМАН БР.3 (1/2) + (1/2)
Апартманот се наоѓа на први кат и располага со две простории.Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар,мал фрижидер,шпорет со две рингли ,аспиратор,микробранова печка,чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица.Овде има плакар за алишта и клима уред..Втората просторија е спланата соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, тв и сеф за лични работи.Од спалната се излегува на тераса со поглед во двор полн со зеленилo и поглед према море во далечина.Апартманот располага со стандардно купатило и WC со фен за коса.








































