Паралија Неос Пантелеимонас припаѓа во јужниот дел на регионот Пиерија во подножјето на планината Олимп и е на 295 километри од Скопје, 36 километри од Катерини, а Платамонас е оддалечен само 5 километри. Ова место е најпознато по неодамнешните археолошки ископувања, при изградбата на железничкиот тунел под замокот, каде што се пронајдени делови од античкиот град Хераклија. Во текот на летната сезона, Паралија Пантелеимон станува многу популарна туристичка дестинација. Туристи од целата земја и странство ја избираат оваа дестинација за одмор. Главната причина е прекрасната песочна плажа со кристално чисто море долга преку 3 километри и која секоја година ја добива наградата сино знаме на ЕУ за чистотата и квалитетот на водата и капацитетите што ги нуди.
Вила Димитрис се наоѓа на само 120 метри од плажата. Располага со убаво уредени трикреветни и четирикреветни студија/апартмани. Сите студија/апартмани се опремени со бања, комплетно опремена кујна, ТВ, тераса. Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири (со депозит) по смена се вклучени во цената. Вилата се наоѓа во мирен дел опкружена со зеленило и со двор од преку 3.000м2, како и свој сопствен паркинг. Во градината има опрема за скара која е достапна за гостите, каде што има и трпезарија на отворено, летниковци и бесплатни лежалки во тревата. Вилата е многу години омилена дестинација во изборот на туристите кај нас. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 1,50 евра на ден по апартман.
1/3 студија број 32, 34 и 36 – Втор кат – голема зграда. Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет. Студијата имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода),клима, ТВ, фен за коса, тоалет со туш и сушара. Овие студија гледаат кон задниот дел на вилата и имаат помали тераси опремени со маси и столови.
1/3 апартман број 24, 25, 26 и 29 – голема зграда. Располагаат со брачен кревет + 1 стандарден единечен кревет. Апартманите имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода),клима, ТВ, фен за коса, тоалет со када и сушара. Апартман број 24се наоѓа на приземје и има своја тераса опремена со маси и столови и гледакон дворот на вилата. Апартманите број 25, 26 и 29се на прв кат. Број 29 има своја тераса а 25 и 26 имаат заедничка тераса опремени со маси и столови и гледаат кон влезот на вилата.
1/3 студија број 31, 33, 35, 37 и 38 – Втор кат – голема зграда. Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет. Студијата имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода),клима, ТВ, фен за коса, тоалет со туш и сушара. Студијата31, 33 и 35 гледаат кон патот кој води кон градината на вилата и имаат поголеми тераси опремени со маси и столови. Студијата37 и 38 гледаат кон влезот на вилата и имаат најголеми тераси опремени со маси и столови.
1/3+1 апартмани број 22, 23, 27 и 28 – голема зграда. Располагаат собрачен кревет, 1 стандарден единечен кревет + софа на извлекување. Апартманите имаат кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, решо и електричен бокал за вода),клима, ТВ, фен за коса, тоалет со када и сушара. Апартманите број 22 и 23 се наоѓаат на приземје, имаат сопствена тераса со маса и столови и гледаат кон дворот, број 27 и 28се наоѓаат на прв кат, имаат своја тераса со маси и столови и гледаат кон дворот на вилата.
1/3 апартмани број 39 и 40 – Приземје – мала зграда. Располагаат со брачен кревет+ 1 стандарден единечен кревет. Апартманите имаат нова кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење и електричен бокал за вода),клима, ТВ, фен за коса, тоалет со када и сушара. Имаат сопствена трем – тераса која гледа кон дворот на вилата.
1/4 апартмани број 41 и 42 – Прв кат – мала зграда. Располагаат собрачен кревет + 2 единечни стандардни кревети. Апартманите имаат нова кујна со сите потребни елементи (мал фрижидер, плотна за готвење и електричен бокал за вода),клима, ТВ, фен за коса, тоалетсотуш и сушара. Имаат сопствена тераса опремена со маса и столови која гледа кон дворот на вилата.