Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Хотел Амика – Римини


Сместувањето во Римини е во хотелот Амика кој е хотел што ги задоволува потребите и барањата на македонските туристи. Хотелот е на само втор ред од плажа, а престојот во хотелот вклучува и појадок за гостите.

Хотелот има двокреветни соби, трокреветни соби и можност во трокреветната соба да се додаде четврто легло.

Хотелот има бесплатен Wi-Fi, а има и ресторан и бар кои работат во текот на целиот ден и во кој гостите може да ручаат и вечераат со доплата дирекно во хотелот.

Собите во хотелот имаат ТV, тоалет, а дел од собите имаат и балкони, но сместувањето по собите го одредува менаџментот на хотелот според карактиристиките на собите.

Хотелот служи континентален појадок.

Собите на хотелот имаат клима уреди.

Хотелот е идеален за групи (друштва), парови.

Хотелот има рецепција која работи 24/7.

Хотелот има одлична локација, на 5 минути до плажа, на улица со многу продавници, супермаркети, кафулиња и ресторани.

Концептот на креветите во хотелските соби ги одредува менаџментот на хотелот, а не агенцијата

Ценовник

ТРЕТ ТЕРМИН 21.6.2024 9 410 евра

*цените се по лице во евра

Факултативни излети

MIRABILANDIA- ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА

Цена за пакет:

Mirabilandia се наоѓа во Савио (Равена) и е најголемиот тематски и воден забавен парк во Италија. Составен е од две главни области: тематски парк, поделен на седум области и воден парк. Тематскиот парк е полн со зеленило и содржи механички, водни и тематски атракции и разни емисии. Водениот парк има базени. До Mirabilandia е водениот парк Mirabeach, вистински карипски тематски парк со прекрасни тематски претстави секој ден!

Цена за влезница: 37 евра за возрасни и 27 евра за деца. Патниците го посетуваат местото со сопствен јавен превоз.

ПОСЕТА НА SANTARCANGELO

Цена за пакет:

Прошетка во еден од типичните градови за Ромања, вечерна улична забава, пазар на занаетчии и улично шоу. Полудневна тура.

ВО ЦЕНАТА ВКЛУЧЕНО: ТРАНСФЕР ХОТЕЛ- САНТАРКАНЏЕЛО – ХОТЕЛ СО ПРИРАЧНИК НА ТУРА, СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ИСТОРИСКИОТ ЦЕНТАР 3 ч.
ЕКСТРА: ПОСЕТА НА ПОДЗЕМНИ ПЕШТЕРИ

ПЕШАЧКАТА ИСТОРИСКА ТУРА ВО РИМИНИ

Цена за пакет:

Оваа тура ќе ви овозможи да ја научите историјата на Римини, да го посетите истражите центарот на градот заедно со локален водич на англиски јазик.

ПЕШТАЧКА ТУРА ВО ГРАДОТ НА ПОЗНАТИОТ РЕЖИСЕР ФЕДЕРИКО ФЕЛИНИ, ГРАД СО ИСТОРИЈА ВО 2000 ГОДИНИ. ОД АНТИЧКИ РИМСКИ СПОМЕНИЦИ ДО СРЕДНОВЕКОВНИ ЗАМОЦИ.

Тура од 12:00 до 14:00 часот

Во цената е вклучено разглед со водич, слушалки.

Патниците сами пристигнуваат на договорената локација.

Посета на Сан Марино

Цена за пакет:

Полудневна автобуска тура до најстарата република во светот. Пешачка тура со лиценциран водич на англиски јазик низ историското јадро на главниот град, дегустација на локални ликери и вина. Во рамките на индивидуалното слободно време постои можност за пазарење во Duty free продавници во бесцаринската зона.

ПОЛУДНЕВНА ТУРА 14:30 – 19:00 (20km)

ВО ЦЕНАТА ВКЛУЧЕНО: ТРАНСФЕР ХОТЕЛ – САН МАРИНО – ХОТЕЛ СО ПРИДРУЖНИК, ДЕГУСТУВАЊЕ НА ВИНА И ЛИКЕРИ НА САН МАРИНО, СЛОБОДНО ВРЕМЕ 3 ч.
ЕКСТРА: Разглед на градот СО ВОДИЧ НА САН МАРИНО САН МАРИНО 15€ НА БАРАЊЕ ВКЛУЧУВАЈТЕ СЛУШАЛКИ

Услови и напомени

Што е вклучено во цената

9 ноќевања со вклучен појадок во хотел Амика во Римини
Автобуски превоз на релација Македонија- Римини-Македонија
Туристички претставник за време на одморот
Бесплатни влезници во аква парк
Бесплатен Wi-Fi во хотелските соби

Што не е вклучено во цената

Патничко осигурување
Ручек и вечера (гостите имаат можност да нарачат дирекно во ресторанот на хотелот)
Туристичка такса (околу 2 евра од ден по лице и се плаќа за само 7 дена).

Важно

  • За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
  • За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
  • Патувањето се реализира исклучиво со пасош (патна исправа).
  • Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
  • Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за два правци и право на избор на седиште. Ве молиме почитувајте го ова правило. Без разлика дали сте редовни патници или патувате првпат. Правилата важат за сите подеднакво.

Галерија

Лето 2024