Хотелот се наоѓа во преубаво опркужување, се состои од 2 централни згради и комплекс од бунгалови кои се наоѓаат на двете страни од патот, поврзани со подземен премин. Собите во делот над патот имаат поглед на базен и градина, а во делот под патот имаат поглед на море. Елегантен стил, удобни соби и апартмани, базени, ресторани и барови, детски клуб, спа центар, спорт и рекреација, приватна песочна плажа. Хотелот се препорачува за луксузен и опуштен одмор, како за фамилии, така и за бизнис луѓе.
Локација:
Полуостров Касандра, 3 km од местото Калитеа, 90 km од аеродромот Македонија во Солун. Делумно реновирани соби и лоби во 2013 година.
Опис на соби:
Вкупно 255 соби: Standard Rooms (~25 m2), Double Rooms Eco (~25 m2), Doubles Superior Sea View (~38 m2), Doubles Superior Pool View (~38 m2), Suite – Maisonettes (~50 m2), Suites (~60 m2), Suites Standard Sharing Pool (~44 m2), Suites Superior with Private Pool (~67 m2), Presidential Suite (~80 m2).
Собите се опремени со: клима, сателитски телевизор, фрижидер (во Suite – мини бар), телефон, сеф, купатило (када / туш, во некои од апартманите џакузи), фен, бањарка и влечки, прибор за припрема на кафе / чај, опремен балкон / тераса. Тип на дополнително легло – софа. При пристигање – пијалок за добредојде, вино и овошје во собата.
Standard Room: Се наоѓа во централната зграда и во бунгаловите. Поглед на базен или море. Максимум сместување 3 лица;
Double Rooms Eco: Соби кои се наоѓаат во различни делови од хотелот. Немаат поглед ниту на базен, ниту на море;
Double Superior Sea View: Се наоѓат во главната зграда на приземје и на први спрат. Гостински дел и спална соба, купатило и посебен тоалет, балкон. Поглед на море. Максимум сместување 4 лица;
Double Superior Pool View: Се наоѓа во бунгаловите (во комплексот над патот), гостински дел и спална соба, купатило и посебен тоалет, балкон. Поглед на море. Максимум сместување 4 лица;
Suite – Maisonette: Соба на две нивоа – отворена просторија – се наоѓа во бунгаловите (на првото ниво – дневна соба, туш, балкон, второто ниво – спална соба и купатило). Поглед на море. Максимум сместување 4 лица;
Suite: Се наѓа во бунгаловите на приземје. 2 соби (спална соба со врата и дневна), џакузи, 2 купатила со туш, тераса. Поглед на море. Максимум сместување 4 лица;
Suite Standard Sharing Pool: Се наоѓа во бунгаловите. Приватен базен на 2 – Suite – a ( слатка вода), 2 соби (спална со врата и дневна), купатило (када), тераса. Поглед на море. Максимум сместување 3 лица;
Suite Superior with Private Pool: Се наоѓа во бунгаловите. Приватен базен (слатка вода), 2 соби – дневна и спална со врата, 2 купатила (во едното џакузи, во другото туш), тераса, поглед на море. Максимум сместување 4 лица;
ЗА ОСТАНАТИТЕ ТИПОВИ НА СОБИ, КОЈ НЕ СЕ ОБЈАВЕНИ, ПОБАРАЈТЕ ЦЕНИ ОД НАШИТЕ АГЕНТИ!
Плажа:
Лежалки ( со доплата на лице место); Песочна (хотелска плажа, се наоѓа преку приватен подземен премин); Крпи за плажа (со депозит); Чадори (со доплата на лице место).
Хотелски содржини и услуги:
Базен за деца, Факс, Ресторан, Менувачница, Хемиско чистење, Ресторан а ла карт, Чадори и лежалки на базен, Чадори и лежалки на плажа, Рент-а-кар, Детско катче, Игротека за деца, Лоби бар, Собна услуга, Перална, Сервис за пеглање, Рецепција 24/7, Wi-fi бесплатно (јавни места),Продавница за подароци, Бизнис центар, Сала за конференции, Игралиште за деца, Бар на плажа, Приватна плажа, Бар покрај базен, Градина.