Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Хотел Хлиди – Кокино Неро


15% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 01.02.2022

КОКИНО НЕРО е туристичко место со богата флора и фауна, како и специфична клима која е резултат на билизаната на планинините и морето. Кокино Неро се наоѓа недалеку од клисурата Темби, во подножјето на планината Оса на околу 140км од Солун и 70км од Паралија. Името Кокино Неро ( црвена вода) го добива по термалните извори каде водата е полна со минерални соли кои на водата и даваат црвенкаст тон, а и лековити својства. Ова е место за оние кои не сакаат многу гужва, а преферираат природни сенки и неурбани плажи. Самото шеталиште има неколку таверни/локални ресторани. Во непосредна близина на 2км се наоѓаат и две убави плажи, Platia Ammos и Кoutsoupia.

Хотелот се наоѓа на сама плажа. располага со ½, 1/3 и ¼ соби. Секоја соба е со сопствено купатило, клима (вклучена во цена), тв, фрижидер, тераса. Исхраната е на база полу пансион ( појадок и вечера) и е во склоп на објектот. Големиот двор, зеленилото, мирното тиркизно море кое е на само неколку чекори од хотелот се гаранција за вистински одмор.

Ценовник

Услови и напомени

* Цените се изразени во евра и се однесуваат  на  ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ

(7 пoлу пансиони со вклучен превоз).

– Прво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот

– Врво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот за сместување во ¼ соба

– Второ дете до 12 год. ПОПУСТ од 70%  за сместување во 1/3 соба

-Деца над 12 год ПОПУСТ од 20%

– Дете до  5 год. кое не користи кревет и храна– ГРАТИС (доплата за превоз 20 евра ), за сместување во ½ соба

  • Намалување за патување со сопствен превоз – 10 евра.
  • Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.
  • Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место.
  • Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
  • Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
  • Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
  • Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
  • Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)

  • За уплатени два едноподруго аранжмани 7+7одобруваме 10% попуст на вториот аранжман,
  • Попустите за рана уплата и 7+7 неможе да се комбираат
  • Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.
  • Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.

НАПОМЕНА 

  • за уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%
  • доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • секоја промена на резервација се наплатува 10 евра.
  • сместувањето на првиот ден е по 14часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • Се патува согласно моменталните протоколи за превоз.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот. Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група, и да ги почитуваат правилата и препораките.
  • при промена на цените ( зголемување или намалување) нема да се менува цената на веќе договорената услуга.
  • за резервација со попуст за рана уплата , 50% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на правење на резервацијата, доплата ДО 01.04.2022.
  • можност за користење на неискористените ваучери од лето 2020
  • за резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
  • патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
  • во случај на отказ на резервација уплатена со ковид ваучер, на патникот ќе му се издаде нов ваучер со намалени отказни пенали.
  • Во случај на околности предизвикани од ковид пандемијата како затварање на граници или при позитивен пцр тест на патникот му се издава нов вредносен ваучер.

Галерија

Лето 2022