Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Хотел Џени – Сивири


Хотелот ЏЕНИ е лоциран на 150 м. од прекрасната песочна плажа во центарот на Сивири. Хотелот располага со 37 соби: 1/2 со брачен кревет, 1/3  со 1 брачен кревет и 1 нормално легло и 1/4 со еден брачен кревет и две нормални легла. Собите се опремени со клима уред (вклучен во цената), сат. ТВ и сопствена бања. Собите имаат прекрасен поглед кон плажата и морето. Хотелот располага со базен и лежалки кои се бесплатни за користење од гостите, а исто така има и бар покрај базенот.

Ценовник

ТЕРМИН ОД: ПП По лице во 1/2+2
21.05 7 150
28.05 7 170
04.06 7 200
11.06 7 260
18.06 7 280
25.06 7 300
02.07 7 330
09.07 7 355
16.07 7 385
23.07 7 385
30.07 7 385
06.08 7 385
13.08 7 385
20.08 7 355
27.08 7 305
03.09 7 270
10.09 7 200
17.09 7 170

Услови и напомени

*HB (Half Board / Полупансион):

– Доручек 08:00-10:00ч. на база шведска маса

– Вечера 19:00-21:00ч.  на база шведска маса

НАПОМЕНА:

* Цените  се дадени по лице и се однесуваат за услуга ПОЛУПАНСИОН за број на ноќевања дадени во табелата.

* Прво и второ дете до 13,99 г. со двајца возрасни на редовно легло – БЕСПЛАТНО

* Прво и второ дете од 14-15,99 г. со двајца возрасни на редовно легло плаќаат по 30 % од цената во табелата

* Трет и четврт возрасен над 16 години, плаќаат по 50% од цената во табелата.

* BABY COT – Бесплатно, со тоа што клиентите треба да носат протектор за душекот. Во спротивно протекторот од хотелот ке им биде наплатен 20 еур. за целиот престој.

* Туристичка такса е 1,5 еур на ден по соба и се плаќа на лице место.

* Во цената на аранжманите вклучено е користењето на клима уредот

* Бесплатно користење на Wi-Fi интернет во склоп на хотелот

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.

* Цените се изразени во ЕУР за плаќање во денарска противвредност 1 € = 62 денари.

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите.

ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%. * Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа.

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 10 дена пред започнување на аранжманот.

ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.

* Превозот ги симнува патниците на најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира автобус,

* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.

* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.

* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 еур. по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

* 40 € возрасни

* 30 € деца од 2 – 12 години

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

Галерија

Лето 2022