Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Хотел Pantheon – Олимпик Бич


15% попуст за целосна уплата до 01.04.22

7% попуст за целосна уплата до 01.05.22

Хотел “Pantheon” е лоциран на сама плажа во Олимпик Бич. Стилно опремените студија со директен поглед на море/плажа и новиот ентериер им нудат пријатен, релаксирачки одмор на гостите. Хотелот располага со следната структура: 1/3 – 1/4 студија со редовни легла. Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет, големо огледало, туш, фен за коса, балкон (масичка со столчиња) со директен поглед на море/плажа, клима, ТВ – LCD, гардеробер (закачалки и сушара). На располагање е бесплатен  интернет во студијата, на рецепција како и на лежалките на плажа. Во склоп на хотелот се наоѓа елитен стилски дизајниран ресторан “Remezzo” со првокласни специјалитети на храна и пијалоци како и бесплатни лежалки на сама плажа со порачување на пијалок. Без оглед на ресторанот, хотелот и во вечерните часови на гостите им нуди пријатен престој. Хотелот располага со ЛИФТСтудијата на III кат.

Ценовник

“Pantheon”
Олимпик бич
термин МАЈ ЈУНИ ЈУЛИ АВГУСТ СЕПТЕМВРИ
22 29 05 12 19 26 03 10 17 24 31 07 14 21 28 04 11 18
бр. ноќи 7 7 7 7 7 7 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 * 7 7 7  7 7
1/3 студио /назад/ 75 90 110 130 140 160 270 300 340 340 340 340 340 170 140 120 100 85
1/3 студио /море/ 85 105 135 165 185 205 320 350 390 390 390 390 390 210 180 140 120 95
1/4 студио /море/ 90 115 145 185 205 225 350 380 430 430 430 430 430 230 210 170 140 100
опис на ценовникот цени по лице со превоз  цени за наем на студио без превоз цени по лице со превоз

Услови и напомени

НАПОМЕНА

–  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;

–  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;

–  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

–  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

–  Студијата со поглед море имаат директен поглед на море/плажа, внатре од студијата и од балконот;

–  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;

–  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО;

–  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);

–  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;

–  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;

–  Автобусот ги остава/зема патниците на околу 200m од хотелот на автобуската постројка до плажата.

–  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!

–  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

–  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;

–  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);

–  Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект);

–  Доплата за клима – 5€ од ден (на рецепција);

–  Доплата за превоз: 40€ за возрасни / 30€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

–  Доплата за патничко осигурување.

Галерија

Лето 2022