Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Хотел Хлиди – Кокино Неро


-20% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА ДО 01.01.2023

КОКИНО НЕРО е туристичко место со богата флора и фауна, како и специфична клима која е резултат на билизаната на планинините и морето. Кокино Неро се наоѓа недалеку од клисурата Темби, во подножјето на планината Оса на околу 140км од Солун и 70км од Паралија. Името Кокино Неро ( црвена вода) го добива по термалните извори каде водата е полна со минерални соли кои на водата и даваат црвенкаст тон, а и лековити својства. Ова е место за оние кои не сакаат многу гужва, а преферираат природни сенки и неурбани плажи. Самото шеталиште има неколку таверни/локални ресторани. Во непосредна близина на 2км се наоѓаат и две убави плажи, Platia Ammos и Кoutsoupia.

Хотелот се наоѓа на сама плажа. располага со ½, 1/3 и ¼ соби. Секоја соба е со сопствено купатило, клима (вклучена во цена), тв, фрижидер, тераса. Исхраната е на база полу пансион ( појадок и вечера) и е во склоп на објектот. Големиот двор, зеленилото, мирното тиркизно море кое е на само неколку чекори од хотелот се гаранција за вистински одмор.

Ценовник

Услови и напомени

* Цените се изразени во евра и се по лице за 7 ноќевања со појадок и вечера

– Прво дете до 12 год. ПОПУСТ од 50 % од цената на аранжманот

-Деца над 12 год ПОПУСТ од 20%

– Дете до  5 год. кое не користи кревет и храна– ГРАТИС

* Сите попусти за деца важат при сместување со две возрасни лица.

*Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.

*Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.

НАПОМЕНА

  • за уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%
  • доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • секоја промена на резервација се наплатува 10 евра.
  • сместувањето на првиот ден е по 14часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
  • при промена на цените ( зголемување или намалување) нема да се менува цената на веќе договорената услуга.
  • за резервација со попуст за рана уплата , 50% од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на правење на резервацијата, доплата ДО 01.04.2023.
  • за резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
  • патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
  • Во случај на околности предизвикани од ковид пандемијата како затварање на граници или при позитивен пцр тест на патникот му се издава нов вредносен ваучер.

Галерија

Лето 2023