Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Вила Таверна – Неи Пори


Опис: Апартманите и студијата ТАВЕРНА се лоцирани до плажата во Неи Пори, најголемиот дел од собите се со поглед кон морето. Собите се со стандард категорија “С“, со помала квадратура, пристојно  уредени и располагаат со 2 до 3 кревети или помошен кревет, балкон, тоалет со туш, мини кујна во собата или во посебна просторија.Во приземјето, објектот располага со ресторан во кој на гостите им се нуди појадок и вечера по одредено мени. Во апартманите со две или три соби можат да се сместат 5 до 7 лица и истите имаат поглед кон градината.

ЧИСТЕЊЕ: студио еднаш за време на престој, промена на постелина еднаш за време на престој.

Забелешка: Има Wi Fi Internet.

Ценовник

СО АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

СОПСТВЕН ПРЕВОЗ

Сместување

Прв кат:

апартман бр.7  тип 2B 2/2+ exb (три единечни со широчина 90 cm и еден брачен со широчина 120 cm)

апартман бр.8  тип 3B 3/2+1 (седум единечни со широчина 90 cm и еден брачен со широчина 110 cm)

студио бр.1 тип 1/2+1+exb   (еден брачен со широчина 120 cm и еден единечен со широчина 90 cm и дополнителен кревет за дете со широчина 75 cm)

студио бр.2  тип 1/2+2      (еден брачен со широчина 120 cm и два единечени со широчина 90 cm)

студио бр.3  тип 1/2+2      (еден брачен со широчина 120 cm и два единечени со широчина 90 cm)

студио бр.4  тип 1/2+2      (еден брачен со широчина 110 cm и еден единечен со широчина 90 cm и фотеља)

студио бр.5  тип 1/2          (еден брачен 120 cm со широчина и единечен со широчина 90 cm)

Втор кат:

студио бр.6 тип 1/2+1 eco (три единечни со широчина 90 cm)

Сите студија се со поглед кон море и се опремени  со кујна со мини фрижидер сo комора, решо со две рингли, висеки елементи над кујна и елементи под лабаво и се опремени со LCD TV, клима и маса и столчиња, (соодветен број на кревети).  Прозорите имаат завеса и ролетна. Тоалетот е со туш када.

Студијата бр.2 и 3 во тоалетот тушот е директно на плочки.

Апартманите се со поглед кон градина или околни објекти. Опремени со одвоена кујна со висечки елементи над и под лабаво.

Галерија

Лето 2023