Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Крф за 1-ви Мај


29.04 – 02.05.2023

Редовна цена по лице: 109 €  

ПРОМО цена: 99 € 

(за уплати до: 07.04.2023) 

Категории ,

Од линиите на националното знаме до варосаните коцкасти вили и пенливото море, Грција  носи сино – бела униформа, но Крф додава дополнителна боја во мешавината – зелена. Познат како “Зелениот Смарагд“, вториот по големина од Јонските Острови е покриен со  бујна вегетација, зелени површини, сафирно сина боја на морето, а населението е со многу  мирен и отворен дух за туристи кои ги сакаат музиката и танцот, празниците кои се  слават со фешти, особено за велигденските празници. 

Богат со разновидна историја, го прави еден од најубавите острови во Грција. Со  архитектура која го има шармот на Париз, Венеција и Лондон. Големиот број на тесни  улички со куќи се речиси непроменети до денес, со цел да се задржи автентичноста и  карактерот на градот. Малите улички му даваат посебна отменост на стариот град,  наместа се толку тесни што можете со раширени раце да ги допрете куќите од двете  страни. Изобилува со мали фонтани и плоштади, старите млетачки куќи во кои денес се  сместени многубројните таверни, галерии и продавници за сувенири, бројни цркви. 

Програма

01 ДЕН (28/29.04.2023) СКОПЈЕ – КРФ 

Состанок на групата на паркингот на Холидеј Ин во 21:00ч. со тргнување во 21:30ч. Ноќно  патување со попатни паузи до Игуменица од каде се качуваме на траект и за нешто помалку од  2 часа пристигнуваме на пристаништето во градот Крф. Од таму за 20 мин. пристигнуваме во  Ипсос и се сместуваме во вилите. 

Слободно време за одмор и релаксација. После паузата во попладневните часови групата се  упатува кон градот Крф, каде оди во прошетка низ стариот дел од градот, кој поради својата  уникатна убавина, старост и сочуваност е вклучен во списокот на светското културно  наследство на УНЕСКО. Се наоѓа на источниот брег на островот Крф, на мал полуостров меѓу два  мали заливи. Стариот град има типична градска матрица за градовите од Средоземјето. Се 

состои од кривулести и тесни улици со мали плоштади и камени згради. Тука постојат дури 37  цркви, од кои најпознати се црквата Св. Спиридон (заштитникот на градот) и Катедралниот  храм посветен на Богородица. Главни обележја на градот се: плоштадот Листон; палатата Св.  Михаил и Ѓорѓија која е лоцирана долж северната страна на плоштадот Спианада; Старата  тврдина и многу други. После прошетката низ градот во вечерните часови групата се упатува  назад кон вилата. 

02 ДЕН (30.04.2023) КРФ (Палеокастрица и фабриката Мавроматис) 

Во утринските часови групата се упатува во посета на фабриката „Мавроматис“, фабрика за производство на традиционални слатки и ликери од локалното овошје Кум Куат. Ова овошје  е многу ретко, по потекло е од Кина и поради специфичните услови кои му се потребни за да  расте, успеал само на островот Крф и одредена територија во Шпанија. Тука ќе се запознаеме  со целиот начин на производство преку еден краток филм, а потоа сите гости ќе се упатат на  шанкот за дегустација каде ќе имаат прилика да ги пробаат ликерите кои се произведуваат од  овошјето и исто така да си купат дел од истите. 

После посетата на фабриката се упатуваме кон Заливот Палеокастрица, кој е туристичко место  на северозападниот брег на островот Крф кое се наоѓа на 19 км. од градот, познат и по тоа што  тука е снимен еден од филмовите за Џејмс Бонд, 007 – For Your Eyes Only (1981). Познат по  својата природна убавина и восхитувачките пејзажи кои ќе ви го одземат здивот, од висината  на стрмните карпи, маслиновите насади, боровите шуми, карпите во морето, па се до песочните  плажи со златен песок, богат е со хотели, ресторани, таверни и барови каде што можете да ја  почувствувате прекрасната медитеранска клима. Исто така се посетува и манастирот кој е  сместен на зелен рид над плажата на Палеокастрица, посветен на Панагија (Девица Марија) од  Палеокастрица кој доминира во целиот регион, изграден на врвот на далечниот рид и  овозможува прекрасен поглед на островот и морето. Манастирот има восхитувачка цветна  градина, а додека сте таму можете да ги погледнете изложените стари досиеја на манастирот,  огромната школка, скелетот на “морското чудовиште” и да си замислите желба фрлајќи паричка  во бунарот на желбите. 

За време на посетата на Палеокастрица групата ќе има слободно време за посета на  аквариумот или да ужива во прекрасното море и плажа. Во доцните попладневни часови  враќање назад во вилата и слободна вечер за дружење во некои од локалните кафулиња.  

03 ДЕН (01.05.2023) КРФ (Крстарење со брод) 

Во утринските часови групата се упатува кон бродот со кој ќе исплови во една незаборавна  авантура. Крстарењето со брод е еден од најинтересните начини да се доживеат природните  убавини на Крф со целодневно, релаксирано крстарење по североисточниот брег на островот. 

Отпловувајќи од Ипсос, денот започнува со посета на Барбати, Нисаки, Калеми и Комура; плажата Лумнопула, а доколку имате среќа ќе можете да направите и некоја фотографија со  делфини. Исто така се посетува рибарското гратче Касиопи и турата завршува со посета на  пештера стара 200 години, совршена за нуркање. Целодневно забавување со музика, скара  приготвена на самиот брод и многу дружење за една вистинска, незаборавна авантура.  

После целодневното крстарење со бродот, групата се враќа назад во Ипсос каде има слободно  попладне за одмор и релаксација. Во вечерните часови можност за заедничко дружење во  некои од локалните кафулиња и прошетка низ Ипсос. 

04 ДЕН (02.05.2023) КРФ – СКОПЈЕ  

Одјавување од собите околу 09:00ч. Слободно време за кратка прошетка и околу 13:00ч. собир  на групата пред вилата, од каде започнува патувањето кон градот Крф и потоа со траект околу 

2 часа до Игуменица. Патување со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови. 

Ценовник

Редовна цена по лице: 109 €  

ПРОМО цена: 99 € 

(за уплати до: 07.04.2023) 

Услови и напомени

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 

  • Автобуски превоз Скопје – Ипсос (Крф) – Скопје 
  • 3 ноќевања во двокреветни студија и четворокреветни апартмани на база на наем Разглед и прошетка во градот Крф 
  • Пратител за време на патувањето и престојот 
  • Трошоци за организација и реализација на патувањето 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 

  • Траект Игуменица – Крф – Игуменица 15 € 
  • Факултативни излети: 

Палеокастрица и фабриката Мавроматис 10 € 

Крстарење со брод по североисточниот брег на островот со вклучен ручек и застанување  на неколку диви плажи 30 € 

  • Туристичка такса 0,5 € по лице од ден 
  • Индивидуални трошоци на патниците 
  • Патничко осигурување (задолжително) 
  • Еднокреветна соба – плус 70% од износот 

НАПОМЕНИ: 

  • За сопствен превоз се одземаат 20 € од редовната цена на понудата, а патниците сами го  организираат патот со траектот до и од Крф. 
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме  минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото  на тргнување. 
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со  авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.  
  • Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската.  Секој патник има обврска и задолжен е да води грижа за важноста на патните исправи и  задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е  одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже  аранжманот или да се промени терминот на резервацијата. 

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ: 

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден. 
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ  и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот. 
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.  

ОПШТИ НАПОМЕНИ: 

– За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ. 

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето. 

Галерија

Лето 2023