Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Крф за 24-ти Мај


24.05 – 27.05.2023

Редовна цена по лице: 109 €  

ПРОМО цена: 99 € за уплати до: 07.04.2023

Категории ,

Од линиите на националното знаме до варосаните коцкасти вили и пенливото море, Грција  носи сино – бела униформа, но Крф додава дополнителна боја во мешавината – зелена. Познат како “Зелениот Смарагд“, вториот по големина од Јонските Острови е покриен со  бујна вегетација, зелени површини, сафирно сина боја на морето, а населението е со многу  мирен и отворен дух за туристи кои ги сакаат музиката и танцот, празниците кои се  слават со фешти, особено за велигденските празници. 

Богат со разновидна историја, го прави еден од најубавите острови во Грција. Со  архитектура која го има шармот на Париз, Венеција и Лондон. Големиот број на тесни  улички со куќи се речиси непроменети до денес, со цел да се задржи автентичноста и  карактерот на градот. Малите улички му даваат посебна отменост на стариот град,  наместа се толку тесни што можете со раширени раце да ги допрете куќите од двете  страни. Изобилува со мали фонтани и плоштади, старите млетачки куќи во кои денес се  сместени многубројните таверни, галерии и продавници за сувенири, бројни цркви. 

Програма

01 ДЕН (23/24.05.2023) СКОПЈЕ – КРФ 

Состанок на групата на паркингот на Холидеј Ин во 21:00ч. со тргнување во 21:30ч. Ноќно  патување со попатни паузи до Игуменица од каде се качуваме на траект и за нешто помалку од  2 часа пристигнуваме на пристаништето во градот Крф. Од таму за 20 мин. пристигнуваме во  Ипсос и се сместуваме во вилите. Слободно време за одмор и заедничка дружба на плажата во  Ипсос. Уживање во прекрасното море и можности за водени активности. 

Во вечерните часови групата се упатува кон градот Крф, каде оди во прошетка низ стариот дел  од градот, кој поради својата уникатна убавина, старост и сочуваност е вклучен во списокот на  светското културно наследство на УНЕСКО. Се наоѓа на источниот брег на островот Крф, на мал  полуостров меѓу два мали заливи. Стариот град има типична градска матрица за градовите од  Средоземјето. Се состои од кривулести и тесни улици со мали плоштади и камени згради. Тука 

постојат дури 37 цркви, од кои најпознати се црквата Св. Спиридон (заштитникот на градот) и  Катедралниот храм посветен на Богородица. Главни обележја на градот се: плоштадот Листон;  палатата Св. Михаил и Ѓорѓија која е лоцирана долж северната страна на плоштадот Спианада;  Старата тврдина и многу други. После прошетката низ градот групата се упатува назад кон  вилата. 

02 ДЕН (25.05.2023) КРФ (La Grotta, Paradise Beach, Akron Beach Bar) 

Во утринските часови групата се упатува кон барот La Grotta кој е лоциран во близина на  Палеокастрица. Барот се наоѓа во карпите веднаш под главниот пат кој води кон Палеокастрица  и до него може да се стигне единствено симнувајќи се по 142 скалила низ карпестиот залив. Ова  познато и тренди место на осторовот Крф е идеално за уживање со пијалоци, закуски и  можности за пливање во кристално чистата природна сина лагуна. 

Од барот La Grotta групата со глисери се упатува кон Paradise Beach – дива плажа каде ќе може  да се ужива во прекрасната атмосфера и чистата тиркизна вода. После неколку часовното  уживање на Paradise Beach се упатуваме кон Akron Beach Bar каде уживаме во одлична забава  со DJ и музика. Во доцните попладневни часови групата се враќа назад кон Ипсос и има  слободно време за одмор и дружење во некои од локалните кафулиња.  

03 ДЕН (26.05.2023) КРФ (Сидари со Каналот на љубовта, 7th Heaven) 

Во утринските часови групата се упатува кон Сидари, голем туристички регион кој е развиен и  располага со повеќе различни плажи. Но, се се врти околу најпознатата – Каналот на љубовта  или Canal d’Аmour. Оваа плажа е природно ремек дело, можеби единственото од ваков тип  на Медитеранот. Скриена во залив, меѓу вешто извајани карпи кои личат на статуи, создадена  од корозивните ефекти на водата и воздухот. Името “Каналот на љубовта“ произлегува од една  легенда која вели дека ако го препливате каналот од едниот до другиот крај, со сигурност ќе ја  најдете љубовта на вашиот живот или, за оние кои веќе ја нашле, да останат вечно заљубени  еден во друг. 

После посетата на Сидари и Каналот на љубовта, групата се упатува кон 7th Heaven, место од  каде може да се ужива во прекрасниот панорамски поглед кој ќе ви го одземе здивот. Тука групата има кратка пауза за кафе и освежување. Во попладневните часови враќање назад во  Ипсос. Вечерта можност за заедничко дружење во некои од локалните кафулиња. 

04 ДЕН (27.05.2023) КРФ – СКОПЈЕ  

Одјавување од собите околу 09:00ч. Слободно време за кратка прошетка и околу 13:00ч. собир  на групата пред вилата, од каде започнува патувањето кон градот Крф и потоа со траект околу 2  часа до Игуменица. Патување со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во  Скопје во вечерните часови. 

Ценовник

Редовна цена по лице: 109 €  

ПРОМО цена: 99 € 

(за уплати до: 07.04.2023)

Услови и напомени

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 

  • Автобуски превоз Скопје – Ипсос (Крф) – Скопје 
  • 3 ноќевања во двокреветни студија и четворокреветни апартмани на база на наем Разглед и прошетка во градот Крф 
  • Пратител за време на патувањето и престојот 
  • Трошоци за организација и реализација на патувањето 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 

  • Траект Игуменица – Крф – Игуменица 20 € 
  • Факултативни излети: 

La Grotta, Paradise Beach, Akron Beach Bar 35 € 

Сидари со Каналот на љубовта, 7th Heaven 20 € 

  • Туристичка такса 0,5 € по лице од ден 
  • Индивидуални трошоци на патниците 
  • Патничко осигурување (задолжително) 
  • Еднокреветна соба – плус 70% од износот 

НАПОМЕНИ: 

  • За сопствен превоз се одземаат 20 € од редовната цена на понудата, а патниците сами го  организираат патот со траектот до и од Крф. 
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање. Ве молиме  минимум 24 часа пред секое поаѓање да се информирате за потврда за времето и местото  на тргнување. 
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со  авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот.  
  • Агенцијата НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската.  Секој патник има обврска и задолжен е да води грижа за важноста на патните исправи и  задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е  одговорност на вработените во самата агенција и поради кои НЕ можe да се откаже  аранжманот или да се промени терминот на резервацијата. 

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ: 

  • Цената е изразена во евра со денарски курс од 62,00 ден. 
  • При пријавување и склучување на договорот се уплаќа аконтација од 30% од вкупниот износ  и најдоцна 15 дена пред датумот на патување се доплаќа остатокот.  
  • Плаќањето може да биде готовинско, со платежни картички или на фактура.  

ОПШТИ НАПОМЕНИ: 

– За програмата важат Опшите Услови за патување на СКТМ. 

– Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето. 

Галерија

Лето 2023