Опис
Добредојдовте во Палма де Мајорка – град кој совршено ги спојува прекрасните плажи, богатата историја и медитеранскиот шарм, срцето на Балеарските Острови.
Овој луксузен хотел е сместен во ексклузивната населба Бонанова, на мирна и изолирана локација во Палма де Мајорка. Хотелот располага со најголемиот СПА центар на Мајорка, прекрасно уредени градини и импресивен поглед кон градот, заливот и планините.Сите модерно уредени соби во Valparaiso Palace & Spa имаат приватен балкон со спектакуларен поглед кон градот, заливот или планините.
Собите се пространи, климатизирани и опремени со сателитска телевизија, минибар и бањарки. Во Valparaiso Spa има голем загреан базен, сауна, џакузи, парна бања, фитнес-центар и ледена фонтана. Користењето на СПА центарот не е вклучено во цената на сместувањето. Опкружен со зелени градини, хотелот се наоѓа високо над заливот на Палма и самиот град.
На располагање се два големи надворешни базени, како и pool бар покрај базен, кој работи од 11:00 до 19:00 часот, исклучиво во летниот период (не во текот на целиот ден). Гурманскиот ресторан Paraiso Restaurant нуди разновиден буфет појадок, со акцент на show cooking, каде готвачите подготвуваат медитерански специјалитети пред самите гости. Bistro Bar, со тераса покрај базенот, служи ручеци, вечери, лесни оброци и пијалоци. Хотелот се наоѓа на околу 12 км од аеродромот Палма де Мајорка, што овозможува релативно брз и удобен трансфер.










