Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Хотел Cagdas /Ada Class – Кушадаси


КУШАДАСИ – лоциран на 75 километри јужно од Измир, во истоимениот залив, е најпопуларниот летен туристички центар на турскиот брег на Егејот. Сончање на песочните плажи, разновиден ноќен живот, богатство на историски споменици ќе го направат вашиот престој во Кушадаси незаборавен. Културното и историско наследство од времето на античка Грција, околината на Ефес, атрактивните екскурзии се само дополнителни атракции што Кушадаси им ги нуди на своите посетители. Кушадаси има типична медитеранска клима со топли лета и благи зими, така што туристичката сезона трае доста долго. Во центарот на Кушадаси има чаршија што ќе ви даде чувство на вистински ориент – договарањето е задолжително. За младите и оние кои се чувствуваат млади, Кушадаси ја нуди познатата улица Бар, каде можете да очекувате неверојатна забава до раните утрински часови. Нека започне забавата!

Програма

1.ДЕН ( СКОПЈЕ – КУШАДАСИ )
Состанок со групата на паркингот пред С.Ц Борис Трајковски во Скопје. Поаѓање. Возење преку Р.Бугарија со попатни паузи за одмор.

2 – 10. ДЕН ( КУШАДАСИ )
Преминување на Дарданелите со траект, од каде се упатуваме кон нашата крајна дестинација – неверојатниот Кушадаси! Сместување на групата и запознавање на местото на кое што ќе престојуваме во наредните 8 дена. Бисерот на Егејското Море ќе ви овозможи совршена комбинација на одмор и забава. Медитеранска клима, чисто сино море, многу плажи и заливи, можност за бројни екскурзии, традиционални јадења и музика кои ветуваат убав одмор. Голем број млади создаваат фантастична атмосфера секоја година, и благодарение на многуте коктели, плажа, брод, тематски и караоке забави, ќе го доживеете врвот на забавата за време на нашиот престој! Покрај тоа, најпознатите српски диџеи ќе направат да се чувствувате како дома!

11.ДЕН ( КУШАДАСИ – СКОПЈЕ )
По напуштањето на хотелот и слободното време за шопинг, тргаме назад кон Скопје.

12.ДЕН (СКОПЈЕ)
Пристигнувањет во Скопје во попладневните часови.

Ценовник

Хотел Услуга Термин
07.07-17.07 16.07-26.07 25.07-04.08 03.08-13.08
1/2 1/3 1/2 1/3 1/2 1/3 1/2 1/3
Cagdas ноќевање + појадок 205€ 195€ 219€ 209€ 219€ 209€ 209€ 199€
Ada Class 4* ноќевање + појадок 239€ 229€ 249€ 239€ 249€ 239€ 239€ 229€

Факултативни излети

  • “BOAT PARTY” КУШАДАСИ – Не пропуштајте вистинска летна забава на брод што крстари по бреговите на Егејското Море. Рапсоди диџејот е задолжен за музиката со најголеми странски и домашни хитови. Прекрасно тиркизно море и сонце во вечерните часови гарантира врвна атмосфера. Нашиот тим за анимација и тричасовна забава е нешто што не треба да го пропуштите. Ајде да се забавуваме!
  • ЕФЕС – Без разлика дали сте неуморен истражувач кој постојано бара важни историски места или сте турист кој сака да си дозволи ново егзотично патување, Ефес, како неизбежна точка на картата на Турција, сигурно ќе биде доволно добар предизвик. Античкиот град Ефес е вистинското место ако навистина сакате да научите и да видите нешто повеќе за античкиот свет. Остатоци од бурното минато, Храмот на Артемида, амфитеатар, Целзиусовата библиотека, агори и бањи, денес привлекуваат милиони туристи од целиот свет и претставуваат најбогато археолошко место во Мала Азија.
  • НАЦИОНАЛЕН ПАРК “MILI” – Националниот парк – полуостров Дилек, попознат како парк Мили, се наоѓа на 26 километри јужно од Кушадаси, покривајќи 28.000 хектари. Мили паркот е вистински рај за посетителите. Можете да уживате во една од прекрасните плажи, кои благодарение на нивната околина се многу добро опремени и одржувани и имаат кристално чиста вода, а најпознати плажи на паркот се: плажа Каламаки со заливите, Икмелер, Кавакли и Карапинар. Незаменлива активност на ова патување е пливање во пештерата Зевс.
  • ПАМУККАЛЕ – Турците ја нарекуваат „памучна тврдина“ и е една од најважните обележја на Турција и секако единствена во светот. Поради својот изглед од бајките, често се споредува со снежни тераси или замрзнати водопади, но ова место нема никаква врска со снегот. Памучната волна се формирала поради големата количина на калциум карбонат во водата што извира тука од 17 извори. На самиот извор лежел античкиот град Хиераполис посветен на кралицата Хиера, а денес тој е место кое го посетуваат стотици илјади луѓе годишно.
  • ШОПИНГ ЦЕНТАР “SOKE” – Шопинг центарот SOKE се наоѓа на околу 40 минути возење од Кушадаси. Продавниците нудат сè, од обувки, облека, играчки и апарати за домаќинство и сите цени се намалени. Продажницата се состои од четири големи делови, каде што ќе најдете голем број продавници вклучувајќи ги најпознатите светски брендови: Adidas, Nike, Benetton, Levis, Colins, Collezione и многу други, а кога ќе се уморите може да паузирате во McDonald’s и Starbucks.

Услови и напомени

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Комплетна организација со водич на патувањето
  • 9 ноќевања со појадок
  • Превоз со модерен туристички автобус на наведените релации

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети и посети
  • Задолжително патничко – здравствено осигурување
  • Доплата за вечера (HB) во хотел АДА КЛАС – 50 евра (за сите 9 ноќевања)

* БРОЈОТ НА МЕСТА И ПРИЈАВИ ПО ПРОМО ЦЕНА Е ОГРАНИЧЕН, ОДНОСНО ПРИЈАВУВАЊАТА ВАЖАТ СЕ ДО ПОПОЛНУВАЊЕ НА СЛОБОДНИТЕ МЕСТА ЗА СЕКОЈ ТЕРМИН ВО НАРЕДНИТЕ 7 ДЕНА

* За ова патување можете да го искористите вашиот ваучер.

* За ова патување т.е за влез во Турција потребно е да исполнувате едно од наведените:

 Потврда од ревакцинација

 Негативен “PCR тест” не постар од 72h

 Негативен брз серолошки тест не постар од 48h

Лето 2022