Hotel  Roxx Royal 7/10 ноќевања – Кушадаси


 

Опис

Положба: Хотелот Roxx Royal е лоциран во самиот центар на градот Кушадаси. Благодарение на својата централна локација, хотелот нуди брз пристап до главните шопинг зони како “Grand Bazaar”, бројни ресторани, кафулиња и забавни содржини. Оддалечен е околу 350-600 метри од градската плажа и околу 1.7 км од марината во Кушадаси.

Сместување: Хотелот располага со модерно уредени соби (стандардни, двокреветни и трокреветни). Сите соби се опремени со: клима уред, сопствена бања (туш, тоалет, фен за коса, бесплатен тоалетен прибор),ТВ, минибар, телефон, сеф, Wi-Fi интернет, повеќето соби располагаат со сопствен балкон.

Услуга: Услугата во хотелот е на база  или HB (полупансион – појадок и вечера) на база на шведска маса. Хотелот располага со внатрешен и надворешен ресторан каде се служат локални и интернационални специјалитети, како и лоби бар и бар покрај базенот.

Бесплатни услуги: Користење на надворешен базен и детски базен, лежалки и чадори покрај базенот, Wi-Fi, паркинг, ТВ салон, детско игралиште

Услуги со доплата: Пијалоци во баровите, услуги во велнес центарот (турска бања-хамам, сауна, масажи, џакузи), билијард и пинг-понг, ежалки и чадори на градската плажа

Сеф во собла (доколку не е вклучен во основната цена), рент-а-кар и трансфер до аеродром, доктор (на повик)

Содржини: Ресторан (отворен и затворен дел), бар покрај базен, лоби бар, 24/7 рецепција, менувачница, надворешен базен со дел за деца, спа и велнес центар, лифт, конференциска сала.

Плажа: Градската песочна плажа е на само неколку минути пешачење (околу 350-500м). Плажата Ladies Beach е оддалечена околу 2.5 – 3 км. Градската плажа нуди плитка и чиста вода, идеална за семејства, со бројни барови и ресторани во непосредна близина.

Спорт и забава: Надворешен базен, билијард, пинг-понг, караоке вечери, повремени анимации и жива музика, како и водени спортови на плажа (со доплата).

Ценовник

ТЕРМИН
01.06-11.06 299 EUR
06.06-16.06 304 EUR
11.06-21.06 309 EUR
16.06-26.06 314 EUR
21.06-01.07  
01.07 -08.07  
08.07-15.07  
15.07 -22.07  
22.07 -29.07  
29.07 -05.08  
05.08 –12.08  
12.08 -19.08  
19.08 -26.08  
26.08 -02.09  
02.09 -09.09  
09.09 -16.09  
16.09 -23.09  

Услови напомени и превоз

Во цената се вклучени 7/10 ноќевања на база HB ( појадок и вечер ), клима и превоз.

Прво дете од 0-5,99 години само превоз 80 € , за второ дете 20% попуст

За дете од 6-11,99 години 20% попуст 

Поаѓањето е еден ден порано од датумот даден во табелата.