Венеција – Господарка на Јадранот… чудесен град на вода со повеќе од 400 канали и исто толку мостви, со векови е еден од најчудесните градови што некогаш човекот ги создал…Венеција е колаж од раскошни палати на каналот Гранде, таинствени улички, канали, мостови, гондоли, повеќе од 100 фасцинантни цркви, симпатични плоштади и колоритни фасади… Најуникатен град на планетата Земја… во минатото најмоќна светска поморска и трговска сила… денес го живее истиот сјај од врвот на својата слава во 15 от век. Венеција не може никој да Ви ја прераскаже… едноставно морате да ја доживеете нејзината убавина.
Венеција (Трст-Милано- Верона) 2НП
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 15.04.2022: 129 евра / 8.000 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 евра / 9.240 ден
Ценовник
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 15.04.2022: 129 евра / 8.000 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 евра / 9.240 ден
МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ !!!
Програма
1 ден 20.05.2022 СКОПЈЕ:
Состанок на групата во 11.30 ч на паркингот спроти х.Холидеј Ин. Поаѓање во 12.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2 ден 21.05.2022 ТРСТ – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО:
Пристигнување во Трст во претпладневните часови. Прошетка низ центарот на градот,плоштадот на Обединување,каналот Гранде, Понте Росо… Слободно време за индивидуални прошетки.Во договор со водичот патувањето продолжува накај Лидо ди Јесоло. Сместување во хотел. Слободно попладне за прошетки низ Лидо. Ноќевање.
3 ден 22.05.2022 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ШОПИНГ ЦЕНТАР OUTLET FRANCIA CORTA – МИЛАНО- ВЕРОНА:
Појадок. По појадокот заминуваме накај Милано со попатна посета на шопинг центар. По пристигнување во шопинг центар FRANCIA CORTA, слободно време за шопинг. Патувањето продолжува накај Милано. По пристигнувањето одиме на разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки. Во договор со водичот продолжуваме кон Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.
4 ден 23.05.2022 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – ВЕНЕЦИЈА :
Појадок . Напуштање на собите. Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни пауза за одмор и царински формалности.
5 ден 24.05.2022 СКОПЈЕ:
Пристигнување во Скопје во попладневните часови .
Услови и напомени
Цената вклучува:
-Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
–2 ноќевања со појадок во Лидо ди Јесоло, хотел 3*
-Организација на аранжманот
– Лиценциран туристички придружник на патувањето
Цената не вклучува:
– Превоз + бродски билет до/од Венеција 20 €
– Посета на Милано и Верона 40 €
– Туристичка такса за ноќевање во Италија( 2 € по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
– Влезници за музеи и споменици
– Задолжително патничко осигурување 175 мкд
– Доплата за еднокреветна соба 2.100 денари
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.