Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Кападокија и солено езеро 3НП


ЦЕНА  НА  АРАНЖМАНОТ, во зависност од изборот на хотел и услуга во Кападокија :

3 Ноќевања со појадок  во  Хотел4* во Ѓореме

ПРОМО цена за резервации до 15.04.2022: 139 € / 8.620 ден /. Редовна цена 169 € / 10.480 ден

ИЛИ

3 Ноќевања со појадок  во Cаve/ stone пештерски хотел OSMAN BEY* во Ѓореме

ПРОМО цена за резервации до 15.04.2022: 149 € / 9.240 ден / Редовна цена 19 € / 11.720 ден

Доплата за 3 Полупансиони во OSMAN BEY, Ѓореме  = 25 €/ 1.550 ден. по лице (резервација  при уплата на аранжманот)

Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток… Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската… Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината… и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “

Ценовник

ЦЕНА  НА  АРАНЖМАНОТ, во зависност од изборот на хотел и услуга во Кападокија :

3 Ноќевања со појадок  во  Хотел4* во Ѓореме

ПРОМО цена за резервации до 15.04.2022: 139 € / 8.620 ден /. Редовна цена 169 € / 10.480 ден

ИЛИ

3 Ноќевања со појадок  во Cаve/ stone пештерски хотел OSMAN BEY* во Ѓореме

ПРОМО цена за резервации до 15.04.2022: 149 € / 9.240 ден / Редовна цена 19 € / 11.720 ден

Доплата за 3 Полупансиони во OSMAN BEY, Ѓореме  = 25 €/ 1.550 ден. по лице (резервација  при уплата на аранжманот)

Програма

01 ден:  СКОПЈЕ – СОЛЕНО ЕЗЕРО – КАПАДОКИЈА:

Состанок на групата на паркингот кај Борис Трајковски во 09.30 и поаѓање во 10.00 ч.  Се патува преку граничниот премин Деве Баир,Софија, гр. Премин Капикуле, Едрене, Истанбул, Анкара. За време на возењето, нашиот водич ќе ве запознае со самата програма. Ноќно возење.   

02  ден:   СОЛЕНО ЕЗЕРО (TUZ GOLU)  – ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:

Патуваме  кон Кападокија со утринска пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот… долго 100 км, широко 50 км, длабоко 50 см, ( во зимскиот период  достигнува длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите на сол во Турција се црпат токму од ова езеро… По одморот, продолжуваме кон Ѓореме, Кападокија. Пристигнување во попладневните часови. Сместување во одбран хотел и краток одмор.

Попладне ве водиме на разглед на Ѓореме: Општината, Римската кула, локалната џамија, брдото Bajrak Тepe(влезница 3 ТЛ), првите „самовилини оџаци„ улиците со сувенири и ресторани. Нашиот водич ќе ве упати каде да го испиете првото турско кафе со панорамски поглед на Ѓореме.

Вечера *.   Ноќевање.

03  ден: ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА :  Денот е предвиден за 4 возбудливи доживувања:

ЛЕТ СО БАЛОН – МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА – “ATV SUNSET TOUR”  – ТУРСКА ВЕЧЕР

ЛЕТ СО БАЛОН: од платото на хотел ТУРИСТ 4*! Рано наутро пред магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа магична авантура  никогаш нема да ја заборавите… уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако… магичното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига до 1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел за појадок.

*Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните.    *Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла).

Појадок.  Слободно предпладне или препорачуваме полудневно возбудување:

МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА: Во водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија.

*Почнуваме со посета на Долината на „Трите Убавици„ каде ќе ја слушнеме тажна легенда за нив. *Потоа одиме кон Ургуп, најголемото место во Кападокија со траги од стари Грчки и Римски куќи,  траги од Селџуците.

*Посета на Мустафапаша, некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото.  Место каде живее веќе трета генерација на жители кои се дојдени од Османлиска Егејска  Македонија 1923/4 г. но сеуште го говорат автентичниот стар Македонски јазик со познатиот дијалект од Егејска Македонија. Со задоволство ќе Ви покажеме CAVE  хотел, сопственост на Госпоѓа Суреја, која зборува Македонски јазик со Егејски дијалект. Време е да се напиеме право турско кафе или турски чај.

Ќе ја видиме и црквата Константин и Елени, во центарот на Мустафапаша.

*Посета на   фамилијарна работилница и продавница за слатки и сушени овошни плодови.

*За крај Ве водиме во Ортахисар – “средишна тврдина” во превод, или како жителите ја нарекуваат “Највисокиот Самовилин оџак во Кападокија. Висок 90 м. и служел како засолниште од напади за време на Византиското владеење. Типично старо Кападокиско место, со вклесани куќи во вулканските карпи. Ве водиме на тераса од која ќе имате пркрасен панорамски  поглед на Ортахисар. Место каде се снимаат автентични ТВ серии.  Ручек во локален ресторан.

Враќање во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка низ Ѓореме,  или…..  

Попладне, ново возбудување МАГИЧЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО : Препорачуваме 2 можности :

– “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Незаборавна авантура.  (Дозвола не е потребна)        или….

– “BUS SUNSET TOUR”:  Ве водиме на прекрасен видиковец над Долина на Ружите и Црвена долина:  Овие две долини настанале поради ерозијата на планината Боздаг. Можност за прошетка  по падините на вулкнското брдо уживајќи  во  најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина.

За љубителите на авантури, можност да пропешачиме низ самата долина (4,5км) помеѓу самовилините оџаци, да се протнеме низ нив, уживаме во магичниот крајолик, додека сонцето полека заоѓа. Ќе ја посетиме и Црквата со Крстови од каде црвената долина е како на дланка – магичен поглед.

Црквата на крстот (турски, Хаџли Клисе) во Црвената долина е пештерска црква со прекрасен камен крст на таванот и целосно насликана апсида. Со неверојатна сцена од апсида, монументален релјеф на таванот и прекрасен поглед на Црвената долина, Црквата на крстот е една од најдобрите цркви во Кападокија што треба да се посетат.

Архитектурата на Црквата Крст е богата со теолошко значење. Спектакуларна фреска со Исус Пантократор во апсидата и огромниот крст врежан во таванот се смета дека датираат од 7в. Локацијата на крстот над главата укажува на суверената моќ на Бога што го штити својот народ одозгора. Апсидната слика (Христос во слава) ја носи истата теолошка порака – Исус на својот престол владее со светот и го благословува својот народ. Исус седи на својот небесен престол како владетел на светот, опкружен со ангели и светци кои го фалат. Архангелите Михаил и Габриел стојат однадвор. Во империјална облека, тие се појавуваат како војници на должност. Нивните надворешни раце држат стап со зборовите „СВЕТО, СВЕТО, СВЕТО“, постојана песна на ангелите на небото.

Враќање во хотел.

Турска вечер : Во вечерните часови ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц,  во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна  вечера по ваш избор и неограничена дегустација на локално вино, турска ракија, водка, пиво, сокови.           

Вечера*, Ноќевање.

04 ден:  ЃОРЕМЕ, МАГИЧНА КАПАДОКИЈА

Појадок.

Денот е предвиден за 2 возбудливи доживувања:

МАГИЧНА КАПАДОКИЈА:

Почнуваме со панорамски поглед кон замокот Учхисар,највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме…

Долината на гулабите – Поглед на долина  која е големо живеалиште на гулабите.

Ве водиме во фабрика за накит( производство на сребро излато) и накит од прочуениот камен Султанит. Единствена можност да купите реплика (сребрена или златна) на прстен кој што Султан Сулејман Величанствениот го направил  за Хурем Султан.

Потоа Ве водиме во подземниот град  Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени 4 ката под земјата, поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км….

Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка  по дел од долината (3,5 км), по течението на реката Мелендиз,  со пауза на пола пат за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Можност да ја пробате највкусната Турска палачинка – Ѓозлеме, турско кафе, чај или сок од калинка, разладувајќи ги нозете во реката. Потоа одиме на Ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река…

По ручекот продолжуваме кон Манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во  Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години.  Враќање во хотел.

ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите пропратен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата.

Доживејте ја магијата на единствената мистична изведба на Дервишите. Враќање во хотел.

Вечера*Ноќевање .

05 ден:  ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА:  “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”- СКОПЈЕ

Појадок. Го оставаме багажот во автобус. Слободен ден.

Предлагаме посебно возбудлив излет: “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”-  Ве водиме буквално во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на  “Ѓореме музејот на отворено”– огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита  на УНЕСКОод 1984 год.

Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде  посетуваме традиционална работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир. Ручек во локален ресторан.

После ручекот следат посети и разгледувања на најубавите долини:

Дервент – долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туф, наречени “Волшебни Самовилини оџаци”.

Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.

Пашаба – или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„.  Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најсликано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„.

Полни со впечатоци, во попладневните часови поаѓаме кон Македонија, со попатна посета на трговскиот центар Форум во Невшехир.

Патувањето води покрај Анкара, Истанбул, Едрене, гр. Премин Капикуле, Софија со попатни паузи.

06 Ден : СКОПЈЕ:

Пристигнување во Скопје во попладневните  часови.

Услови и напомени

ЦЕНАТА  НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 3 Ноќевања со појадок (шведска маса) хотел 4*во Ѓореме  https://www.touristhotel.com.tr ИЛИ   
  • 3 Ноќевања со појадок (шведска маса) во х. OSMAN BEYCAVE HOUSE  

во центарот на Гореме, во срцето на Кападокија..   http://osmanbeycavehouse.com

  • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу,Прошетка низ Гореме,
  • Посета на трговски центар Форум во Невшехир
  • Организација на патувањето и секако лиценциран, искусен туристички придружник на патувањето.
  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација.

            ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко здравствено осигурување : 210 мкд, (Задолжително, Агенцијата посредува)
  • Туристичка такса 2 €  по лице од ноќ. ( се плаќа во агенција, во денарска противредност )
  • Доплата за еднокреветна соба :  Хотел 4* 3600 ден, Cave: 3900 ден
  • ПЦР тест за влез во Турција доколку треба или ПЦР тест за враќање доколку треба.
  • Избор на седиште во автобус (освен прв ред): 10 евра.

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ во Кападокија

  • “Магична Кападокија”, вклучен ручек, влезници,превоз, локален водич: (50€),
  • “Срцето на Кападокија”, вклучен ручек, влезници, превоз, локален водич: (50€),
  • “Мистична Кападокија”, вклучен ручек, превоз, локален водич : (35€),

ПАКЕТ ИЗЛЕТИ: “МАГИЈАТА НА КАПАДОКИЈА”

“Магична Кападокија”+“Срцето на Кападокија”+“Мистична Кападокија” = 110 €

  •  “ATV SUNSET TOUR”, трансфери, водич, 2 часа возење, кацига:(15€) по лице   (мин 2 лица по АТВ)
  •  “BUS SUNSET TOUR”: залез на сонцето од Црвената долина, превоз, прошетка низ долината,     локален водич: (15€),
  • Турска вечер со шоу програма, мезе и пијалок, превоз, локален водич: (30€),
  • Танц на дервишите : церемонија, превоз, локален водич: (25€),
  • Лет со балон  – (120-160 €) . Ве молиме да се изјасните за желба за лет со балон при резервација.* Цената варира во зависност од побарувачката и може да претрпи промени.

Плаќањето на факултативните излети е кај водичот на групата, во Турција.

* За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.

* Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност според објавената денарска цена.

* За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 50% за ПРОМО цена, или 30% за редовна цена. Целосно плаќање на аранжманот се прави најдоцна 10 дена пред поаѓање.

* Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

* Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

* Седењето во автобус е според датумот на уплатата или со доплата за избор на седиште.

* Пасошот треба да биде со важност од мин. 6 месеци од завршување на аранжманот.

ЗАБЕЛЕШКА Задолжителен сертификат за вакцинација, ПЦР  или Антиген тест за влез во Турција. Патуваме безбедно и по протокол.  Агенцијата организира  тестирање во лиценцирана лабораторија  по најниски цени за група патници. Оваа информација може да претрпи измени. Странките секако ќе бидат известени за сите промени.

КАПАДОКИЈА  -престолнина на древните Хетити

Областа Кападокија, денес дел од Турција, а некогаш нераскинлив дел од царството на Хититите, Александар Македонски, Рим, Византија, Селџуци, Османлии… се наоѓа во покраината Невшехир. Во прашање е површина од околу 80 квадратни километри, сместени во централен дел на Анадолија, меѓу градовите:Невшехир, Аванос и Ургуп, со центар во Ѓореме. Областа Кападокија е вклучена во листата на УНЕСКО за заштитени природни реткости.

ЃоремеСрцето на Кападокија – Ѓореме, е главно собиралиште на сите туристи од цел свет. Сместено во процеп помеѓу две платоа, преставува почетна точка на сите излети. Балоните полетуваат од тука,најубавиот залез и изгрев на сонцето е тука, сите тури почнуват и завршуваат од тука: АТВ КВАД сафари, јавање камили, пешачки тури, јавање коњи, турска сауна, масажа со лековита кал… Градче опколено во автентичен амбиент на Кападокија: со таканаречени самовилини оџаци, пештерски куќи кои се претворени во луксузни идилични хотели, многубројни ресторани,пабови, сувенирници. Место многу живо до касно во ноќта. Место каде се наоѓа најголемиот музеј на отворено со 30 цркви и капели со извонредни фрески 0д 9-11 век.. Најголем Монашки центар во период од 300-1200 год….со еден збор, наша најтопла препорака за сместување е во Ѓореме.

Аванос: Градче со 12000 жители, на северниот брег на надолгата турска река Kizilirmak, некогашна римска Venessa,денеска познат по прочуената грнчарија од црвена глина. Грчаријата тука се работела уште во времето на Хититите, чии дизајн и мотиви се уште се многу застапени. Грнчарските работилници се во стари, некогашни грчки куќи а работилниците се издлабени во меките стени. Градчето, типично мало Анодолско место, малку потсетува на амбиентот на Кападокија. Оддалечен 10 км од Гореме.

Ургуп: Некогашна Osiana, Agios Prokopios, e најисточно градче во централна Кападокија. За време на владеењето на Турците Селџуци, бил прогласен за центар на целиот регион. Во 1515 г. е дел од Османското царство и до 19 век имало 70 џамии, 5 цркви и 11 библиотеки. Денеска Ургуп е вински центар на Кападокија. Во центарот на местото, посебно во подножето на “Брдото на желбите”, сеуште може да се видат стари напуштени грчки куќи и остатоци од старите цркви во чија внатрешност се забележуваат и фрески. На брдото се наоѓа и Селџуцко гробје од 11 век.

Се верува дека тука е погребан големиот Селџуцки Султан Кејкубат.

Оддалечен 10 км од Гореме.Има 18.000 жители. Во центарот на градчето има  мали ресторанчиња, сувенирници. Делува на типично мало Анадолско градче со амбиент на Кападокија.

Учхисар (Uchisar)- “Тврдина на високо”: Од далеку изгледа како да куќите висат една над друга, во подножјето на големата стена. Но штом се приближите, ќе видите големо градче со куќички покрај самиот пат кој кривуда околу литицата на големата стена. Некои од грчките куќи со релефна декорација,претворени се во мали хотели а другите се полусрушени нечии домови. Бајковитиот Учхисар личи на Вавилонска кула од древната Месопотамија во која живеел целиот човечки род, пред Господ да го прекине човечкото карање и им поделил различни јазици.

Учхисар е над Гореме, со околу 4.000 жители

Ортахисар (Ortahisar): во превод Средишна тврдина, бидејќи од самиот центар на местото високо се издига голема вулканска стена, некогаш скривалиште на Христијаните. Околу стената и во самата вулканска почва, се изградени и издлабени куќи и цркви. Од многуте цркви, најпозната е “Uzumli klise” (Црква на Гројзето) од 8 или 9 век. Уште од времето на старите Христијани, тука имало складишта на јужно овошје, издлабени во стените.

Невшехир: Некогашen Neopolis I Muskara, брои околу 90.000 жители. Во околината на Невшехир се наоѓаат вулкански стени во кои имало некогаш живот.Прибежиште во ова пусто место било на оние кои што бегале од Римјаните. Еден период под Бизантиците, па Римјаните, Турците Селџуци,и од 15 век на Османлиското царство. Денешниот град го оснива Големиот Везир Damat Ibrahim Pasa, зет на Sultan Ahmed III. Градот се обновува со фонтани, медреси, хамам и добива ново име Nevsehir (нов град). Оддалечен 15 км од Ѓореме.