Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Санторини 3НП


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ 15 АПРИЛ : 209 евра / 12.960 денари 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 евра / 14.820 ден

Санторини 3НП

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ 15 АПРИЛ : 209 евра / 12.960 денари 

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239 евра / 14.820 ден

Програма

1 ДЕН 20.05.2022 СКОПЈЕ – ПИРЕА

Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 15 00ч. Се патува преку гр. премин Богородица со попатни паузи.

2 ДЕН 21.05.2022  ПИРЕА – САНТОРИНИ

Пристигнување на пристаништето Пиреа во раните утрински часови. Качување во брод и испловување во 07:25 часот. Пристигнување на пристаништето во Санторини во 15:30/ часот. Трансфер од пристаниште до хотел со автобус. Сместување во хотел. Информативен состанок за презентација и пријавување интерес за  факултативните излети. Предлагаме  посета на Oia (Иа) од каде ќе го видите најубавото зајдисонце. Слободно време за прошетки низ теснните улички каде ќе ги видите белите црквички со сини куполи.

Ноќевање.

3 ДЕН 22.05.2022  САНТОРИНИ

Појадок. Целодневен факултативен излет – FULL DAY SANTORINI.Посета на селцето Акротири ,одиме кон црвената плажа каде што ќе има можност за фотографирање на импресивната плажа.

Продолжуваме кон автентичните  живописни селца на островот, Мегалохори и Емпорио… Продолжуваме кон Имеровигли, балконот на Калдерата, највисокиот и најлуксузниот дел на градот Фира. Пешачка тура низ тесните улички меѓу пештерните куќи се до Фиростефани.

Враќање во хотел во вечерните часови.Ноќевање

4 ДЕН 23.05.2022 САНТОРИНИ

Појадок.Слободен ден или факултативно Kaldera morning – cruise. Ексурзијата започнува со мал традиционален брод кој Ве води по Калдерата до Nea Kameni – новиот вулкан, каде со локален водич се искачуваме до врвот на вулканот, каде што на врвот ќе го видиме и активниот кратер. Слободно време за фотографирање. Враќање на брод со кој се продолжува до Palia Kameni – стариот вулкан, каде што ќе имате можност да се капете во термалните води.

Враќање на старото пристаниште од каде што од бродот ќе ги видите двете стари пристаништа, пловидбата е долж сртот на Санторини.  Ја продолжуваме екскурзијата со посета на главниот град Фира, до каде се искачуваме пеш или со жичара или со магариња. Слободно време во Фира за индивидуални прошетки низ Фира и ручек во некоја од грчките таверни. Враќање во хотел во попладневните часови. Ноќевање.

5 ДЕН 24.05.2022  САНТОРИНИ – ПИРЕА – СКОПЈЕ  

Појадок. Напуштање на собите. Предлагаме посета на винаријата со посета на музеј на традиционално производство на вино во последните 450 години, единствен музеј во Грција кој се наоѓа на 8 метри длабоко во вулканска пештера. Дегустација на 4 различни видови на вулкански вина.

Во 14 часот трансфер до пристаниште. Испловување на бродот во 15:30. Пристигнување во Пиреа во 23:30. Ноќно возење со попатни паузи.

Пристигнување во Скопје во утринските часови наредниот ден .

Услови и напомени

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

– превоз со високотуристички автобусна релација Скопје – Пиреа – Скопје

– трансфер со брод на релација Пиреа – Санторини – Пиреа

– трансфер пристаниште – хотел – пристаниште

– 3 ноќевања со појадок  во хотел со 3* во Периса

-организација и придружник на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

Факултатувни излети и програми

– Oia (Иа), залез на сонце – 15€

– Full day Santorini – 40 € (превоз + водич)

– Kaldera morning  -( крстарење со брод+водич)

-40€

– Посета на винарија со дегустација на 4 вина и вински музеј

( превоз+влезница за винарија+водич) – 20 €

– еднокреветна соба 3.200 денари

– задолжително патничко осигурување 210 денари

– Туристичка такса ( 3 еур по лице за три ноќи- се плаќа во агенција)

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 30 патници.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.