Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Аурора Ресорт & Спа 5* – Берово


Над Беровското Езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини се наоѓа еден од најубавите планински хотели на Балканот. Овој луксузен комплес со посветена и професионална работа започна со работа во 2011 година. Комплексот е изграден со природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, со различни видови на растенија и дрва налик на ботаничка градина.
Хотелот располага со инфинити базен, спа центар, ресторан со врвна храна, бар, комфорни и модерни соби… Аурора Ресорт исто така вклучува услуги како: тим билдиг, состаноци, конкгреси, семинари и конференции.

ХОТЕЛСКИ АКТИВНОСТИ
  • Јавање коњ
  • Интеракција со животните при нивно хранење од рака во мини зоолошка градина
  • Рекреативни социјални игри за дружење: карти, шах, табла, пинг-понг табла, билијард и пикадо
  • Планински велосипеди
  • Рекреативни прошетки (сопствена организација или по хотелска организација) – зависно од временските услови
  • Прошетка покрај Беровското езеро кое е лоцирано веднаш под самиот комплекс
  • Планинарење по мапирана патека до планинскиот врв на Абланица
  • Посета на локалитети од историско значење како што се машкиот и женскиот манастир
  • Посета на Пехчевските водопади

Ценовник

ЦЕНОВНИК ЗА 2025
ТИП НА СОБА 2 HB
понеделник-четврток
2 HB
петок-недела
Доплата за плус ноќевање
понеделник – четврток
Доплата за плус ноќевање
петок – недела
Superior room  228€ 268€ 96€ 118€
Superior room with view  258€ 298€ 116€ 134€
Junior Suite room 258€ 298€ 116€ 134€
Deluxe Premium Suite 258€ 298€ 116€ 134€
Junior Suite Premium with canyon view 324€ 364€ 144€ 162€
Apartment 356€ 428€ 156€ 192€

Услови и напомени

Во цените е вклучено:

  • Цената на пакетот е дадена за две лица, пакет од 2 ноќевања на услуга полупансион.
  • Цената важи за сместување на минимум 2 лица, во соба според табелата.
  • 1 час дневно користење на топол базен, сауна и парна бања (со претходна резервација)
  • 20% попуст за масажа
  • 3то лице во соба -30% попуст
  • Туристичка такса 45 ден за ворасни и 5 ден за дете од ноќевање( се плаќа на лице место).

​Политика за сместување за деца
Деца 0-2,99 год: БЕСПЛАТНО
* 1 CHD 3-11,99 год.: 620 мкд од ноќевање
* второ CHD 3-11,99 години: 50% од цената за ВОЗРАСНИ
Децата на возраст над 12,00 години се сметаат за возрасни и плаќаат 70% од цената на возрасното лице

Галерија

Велнес и Спа