Ден 1: Состанок на патниците и поаѓање
Состанок на патниците и трансфер до Аеродромот во Софија, Бугарија. Попладневен лет од Софија за Доха со Qatar Airlines, пристигнување во Доха. Преседнување на лет за Мале, Малдиви. Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!
Превоз
Локален трансфер од Скопје до Меѓународниот аеродром во Софија.
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Софија – Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
Место
Скопје
Софија
Доха
Ден 2: Пристигнување на Мале и трансфер до Маафуши
Пристигнуваме во Мале претпладне. Трансфер со брод до нашиот остров на Малдиви – Мафуши. Имаме организиран Traditional Tea Ceremony за добредојде на покривот од нашиот хотел каде што ќе уживаме во прекрасниот панорамски поглед и прекрасното зајдисонце. Тука одржуваме краток информативен состанок за подобро да се запознаеме, а и да ви ги раскажеме авантурите кои следат во наредните денови, да ве запознаеме со островот и да ви ја откриеме неговата магија! Попладневен check-in во собите. Островот Мафуши е еден од поголемите населени острови на Малдиви со околу 2.500 жители. Мал тропски рај со песочни улички, барчиња со разни свежи овошни коктели, ресторани со превкусна морска храна, плажи од ситен, мек бел песок и прекрасна тиркизна вода. Ја чувствуваме неверојатната енергија на овој остров и веќе се чувствуваме како дома!
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Доха – Мале (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Трансфер со брз брод од аеродром до сместување
Сместување
Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ
Место
Доха
Мале
Маафуши (Maafushi)
Храна
Вечера (услуга полу-пансион) × 1
Факултативни излети
МАЛДИВИ – ПАКЕТ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА
Ден 3: Тиркизна авантура
По појадокот земаме пешкири и опрема за нуркање од рецепција и одиме да ги истражуваме убавините на Малдиви под вода. Нè чека speed boat на локалното пристаниште и заминуваме на една вистинска тиркизна авантура! Одиме да нуркаме на коралниот гребен на островот Biyadhoo. Уживаме во фасцинантниот подводен свет на коралниот гребен. Прекрасни корали, стотици различни видови и големини на риби во сите бои. Еден цел нов шарен свет под вода! По нуркањето на гребенот продолжуваме со истражувањето на подводниот свет и одиме да пливаме со манта ражи. Мантите се прекрасни риби кои наликуваат на ражи, но се со потемна боја и може да достигнат до 7 метри во широчина. Мантите може да се најдат во подлабоки води. Полека пловиме со бродот сè додека локалните водичи не ни дадат знак дека забележале манти. Штом ни дадат знак, веднаш сите во вода! Буквално како да гледаме документарен филм за подводниот свет во живо. За доживувањето да биде комплетно, одиме и на еден од најпознатите корални гребени кој е живеалиште на водни желки. Освен кул фотките под вода со желки, уживаме во безбројните видови на корали и стотици видови на риби во различни бои. Последното изненадување за денот, одиме на sandbank или песочен насип да уживаме. Песочен насип е насобран песок во плитките делови од лагуните кој наликува на минијатурен остров. На песочниот насип сме само ние, имаме цело островче само за нас додека уживаме во прекрасната плажа и најубавата боја на вода што некогаш сме ја виделе. Се бањаме и уживаме на ова мало парче рај! Враќање во сместувањето и уживање на плажата на Мафуши до зајдисонце.
Сместување
Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ
Место
Маафуши (Maafushi)
Храна
Континентален појадок × 1
Вечера (услуга полу-пансион) × 1
Факултативни излети
МАЛДИВИ – ПАКЕТ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА
Ден 4: Плажирање на песочен насип, нереално зајдисонце со логорски оган
Првиот дел од денот е слободен за уживање на плажа, шетање по нашиот остров, играње одбојка на плажа, серва и слично. Вториот дел од денот е планиран за опуштање со Jungle екипата на песочнен насип (пуст остров) од нереално бел песок, опкружен со сината боја на Индискиот океан. Го чекаме зајдисонцето, палиме логорски оган и потоа гледаме милион ѕвезди над нас. Музика пуштаме од JBL, или гитара – ако некој од групата знае да свири 🙂 Имаме наша гитара на Малдиви! 🙂 Со нула светлосно загадување, небото изгледа буквално како на дофат. Стигнуваме два часа пред зајдисонце, за да имаме време и да уживаме на плажата и да уживаме во пливањето. Нереално доживување! Враќање во сместувањето.
Сместување
Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ
Место
Маафуши (Maafushi)
Храна
Континентален појадок × 1
Вечера (услуга полу-пансион) × 1
Факултативни излети
Песочен насип, нереално зајдисонце со логорски оган
Ден 5: Нуркање со ајкули, делфини, ражи и уживање на песочен насип
Овој ден е можеби највозбудливиот, најочекуваниот и омилениот ден на повеќето наши патници! Oдиме да пливаме со делфини! Дефинитвно најмилите жители на океанот со кои нетрпеливо чекаме да запливаме во најтиркизната лагуна која некогаш сме ја виделе.. А потоа време е за адреналин! Пливање со ајкули! Уникатно искуство кое сите ние ќе го паметиме цел живот. Колкумина од нас може да кажат дека пливале со ајкули во отворен океан, без кафез меѓу нас :). Иако изгледаат страшно и може да достигнат големина до 2,5 метри, овие ајкули се од видот Nurse Sharks кои воопшто не се опасни за луѓето. Но, и покрај тоа што не се опасни, адреналинот кој се чувствува додека влегуваме во вода само се зголемува кога се нурнуваме да пливаме меѓу нив. Буквално соочување со ајкула очи во очи. Веруваме дека тоа ќе биде најчесто прераскажувано искуство кое сте го доживеале. Потоа се упатуваме кон локалниот остров Fulidhoo. Нè чека уште едно крајно необично и прекрасно доживување на овој ден полн со доживувања. Во плитката тиркизна вода на овој мал остров пливаат ражи и по некоја ајкула. Влегуваме во вода, ги галиме ражите, се сликаме со нив и локалните водичи ни даваат риби за да ги храниме. После направените кул фотки со ГоПро и адреналинското пливање, одиме на песочен насип на плажирање и уживање. Овој пат одиме на уште помал песочен насип кој изгледа буквално како нафрлен куп песок од неколку метри во ширина и должина сред отворен океан. Враќање во сместувањето на Мафуши.
Сместување
Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ
Место
Маафуши (Maafushi)
Храна
Континентален појадок × 1
Вечера (услуга полу-пансион) × 1
Факултативни излети
Нуркање со ајкули, делфини, ражи и уживање на песочен насип
Ден 6: Слободен ден за уживање на Маафуши
Доживејте ги Малдиви на вистинскиот начин. Препуштете се во локалниот начин на живот, уживајте во егзотичната храна и запознајте ја културата на локалците. Уживаме на плажата на Маафуши, пиеме кокос и одмараме под палмите. Го дочекуваме зајдисонцето и вечерта уживаме под ѕвезденото небо со музика на плажа.
Сместување
Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ
Место
Маафуши (Maafushi)
Храна
Континентален појадок × 1
Вечера (услуга полу-пансион) × 1
Ден 7: Возење со кајаци / СУП-ови, нуркање на коралниот гребен на Маафуши и вечера на плажа
Овој ден ќе го искористиме за многубројни активности во кои можете да се “пробате“ за време на нашиот престој на Малдиви. Се впуштаме во авантура, возење со кајаци или со SUP даски. Потоа одиме на нуркање на локалниот корален гребен на островот Мафуши. Тие што не се веќе заразени со нуркање, после патувањето на Малдиви, сигурно ќе бидат. Убавините на подводниот свет на Малдиви се навистина неописливи и буквално секој момент ќе сакате да го искористите под вода. Вечерта ни е наменета за романтична вечера на плажа. Ѕвезди, свеќи на песок, тивка музика и убаво друштво.
Сместување
Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ
Место
Маафуши (Maafushi)
Храна
Континентален појадок × 1
Вечера (услуга полу-пансион) × 1
Факултативни излети
МАЛДИВИ – ПАКЕТ ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА
Ден 8: Посета на островот Gulhi
Овој ден го посетуваме островот Gulhi. Тоа е населен остров, многу помал од Мафуши, каде што туризмот сè уште не е развиен воопшто и каде што ја имаме целата плажа само за нас. Пред поаѓање не заборавајте да си земете опрема за нуркање од хотел, зашто и на овој остров, како и на сите други, коралниот гребен е прекрасен и сигурно ќе сакате да го истражите малку повеќе. Уживање во магијата на овој прекрасен остров и неговите најубави плажи!
Сместување
Arena Beach Hotel, Maafushi 1 ноќ
Место
Маафуши (Maafushi)
Храна
Континентален појадок × 1
Вечера (услуга полу-пансион) × 1
Факултативни излети
Островот Gulhi
Ден 9: Напуштање на сместувањето, Day Resort Visit и трансфер до Аеродром
Напуштање на сместувањето, а потоа следи уште еден ден за интересни активности. Се упатуваме на факултативен излет – Resort day visit. Одиме во некој од најпопуларните ресорти на Малдиви. Нивните единствени локации нудат пристап на недопрени плажи, како и шанса да се нурнеме и да го истражиме единствениот морски свет на островот кој го посетуваме. Уживаме во слатното сонце и мекиот песок додека ги истражуваме богатите тропски чуда на оваа островска држава. Во ресортот имаме All Inclusive услуга – вклучен ручек и пијачки за време на престојот. Се збогуваме со магичниот остров и слободно време до поаѓање. Трансфер со брод до аеродромот во Мале. Вечерен лет од Мале за Софија, со преседнување во Доха.
Напомена: Услугата (All Inclusive) во различните ресорти кои може да се посетат е секогаш различна. Истата ќе биде искомуницирана од водичот на лице место, кога ќе го знаеме името на ресортот кој би можеле да го посетиме како “day visitors”. Сите ресорти на Малдиви го задржуваат правото да одбијат влез на “day-visitors” и достапноста зависи од “окупираноста“ на ресортите во моментот на патување. Агенцијата не сноси никаква одговорност доколку на одредена група не може да им биде понуден “Resort Visit” како факултативен излет.
Превоз
Трансфер со брз брод од сместувањето до аеродромот
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале – Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
Маафуши (Maafushi)
Мале
Храна
Континентален појадок × 1
Факултативни излети
Еднодневна посета на ресортот (Fihalhohi Island Resort)
Ден 10: Враќање и крај на патувањето
Пристигнување во Доха. Преседнување на лет за Софија. Утрински лет за Софија. Пристигнување во Софија. Трансфер од Меѓународниот аеродром во Софија до Скопје. Крај на патувањето.
Превоз
Индивидуален авио билет со сите такси на релација Доха – Софија (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Локален трансфер од Меѓународниот аеродром во Софија до Скопје.
Место
Доха
Софија
Скопје