Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com
Нова година

БУДВА – ТИВАТ – КОТОР

89 евра (5.500 денари) за хотелско сместување

69 евра (4.250 денари) за приватно сместување

Гратис излет до манастирот Св. Василије Острошки

ДОЧЕК НА НОВАТА 2022 ГОДИНА

БУДВА – ТИВАТ – КОТОР

Гратис излет до манастирот Св. Василије Острошки

Програма

1 ден: 30.12.2021 год.

Поаѓање за Будва од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 23.00 часот со туристички автобус. ( Поаѓања вклучени во цената од Прилеп во 20.00 часот; Кавадарци 21.00 часот; Велес 22.00 часот ; Кочани 19.30 часот;  Штип 21.00 часот; Куманово 22.00 часот). Патот води преку Косово и Албанија. Ноќно возење со попатни одмори.

2 ден: 31.12.2021 год.

Пристигнување во Будва во предпладневните часови,( кафе-пауза за фотографирање и уживање во прекрасната панорама на Св. Стефан-едно од најмонденските остров-летувалишта на Јадранското море). Сместување во хотел / приватно сместување. Слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии. Уживање покрај море во предновогодишна атмосфера. Вечерта дочек на Новата 2022 година пред платото на Стариот град со новогодишен концерт или дочек во некои од многубројните ресторани и ноќни клубови. Ноќевање.

3 ден: 01.01.2022 год.

Појадок. По појадокот заминување на факултативен излет до Бокакоторскиот залив, со посета на историскиот и средновековен Котор и живописниот и раскошен Тиват. Прошетка во стариот дел на Котор опколен со ѕидини, испреплетени мали улици каде што се наоѓаат катедралата Св. Трифун и препознатливите цркви Св. Лука, Св Ана, црквата на Пресвета Богородица, средновековна архитектурa, бројни споменици и палати кои го вклучуваат градот во УНЕСКО.Слободно време за индивидуални прошетки или можност да вкусите од познатите његушка пршута, сирење и домашно вино.  Патувањето продолжува за Тиват, кој во последните години стана омилена дестинација на туристите ширум светот. Причината за тоа лежи во шармот на овој град но и во неговиот луксузен комплекс Порто Монтенегро, често споредуван со Монако, дизајниран да ги задоволи потребите на сопствениците на јахтите, членовите на екипажот и туристите. Уживајте со кафе во еден од прекрасните локали покрај брегот и погледот на луксузните јахти. Попладне враќање во Будва.  Вечерта реприза на новогодишната ноќ во Стариот град.  Ноќевање.

4 ден: 02.01.2022 год.

Појадок. После појадокот заминување на излет до манастирот Острог-сместен во височините на планината Острошка греда во близина на Даниловград  (основан од Митрополит Василије-светец и чудотворец во 17-от век). Слободно време за негово разгледување.  Попладне поаѓање за Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

Ценовник

89 евра (5.500 денари) за хотелско сместување


69 евра (4.250 денари) за приватно сместување


Гратис излет до манастирот Св. Василије Острошки

Услови

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација

(Поаѓања вклучени во цената од Прилеп, Кавадарци, Велес, Кочани, Штип и Куманово)

  • Сместување во хотел 3* во Будва на база две ноќевања со појадок
  • Сместување во приватни вили во Будва на база две ноќевања
  • Туристичката такса е вклучена во цената и кај приватното и кај хотелското сместување
  • Посета на Св.Стефан
  • Излет до манастирот Св. Василије Острошки
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Факултативен излет до Котор, Тиват-Порто Монтенегро (5 евра)
  • Туристичка такса за Острошки манастир (1 евро)
  • Локален трансфер до Острошки манастир со комбе (1-2 евра)
  • Влезници за посети
  • патничко осигурување

Напомени

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.
  • За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош или лична карта
  • Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување

Covid 19 – Услови

  • За влез во Р. Црна Гора, патниците треба да поседуваат еден од следниве потврди:
  • Да се потполно вакцинирани со пропишан број на дози вакцини против новиот корона вирус пред влез во Црна Гора, која е издадена од овластена здравствена установа
  • Негативен резултат од PCR тест на новиот корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија и да не е постар од 72 часа
  • Позитивен резултат од PCR тест ( прележан ) на новиот корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија постар од 14 дена, а не е постар од 180 дена од денот на издавањето
  • Негативен резултат на брз антигенски тест на новиот корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија и не е постар од 48 часа.

За влез во Македонија назад, патниците треба да поседуваат еден од следниве потврди:

  • Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19 со поминати 14 дена од втората доза
  • Сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето
  • Медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез во Македонија или негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез во Македонија.
  • За лица до 18 години, не се задолжителни гореспоменатите документи.

Галерија