Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com
Нова година

БУКУРЕШТ – СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ – СНАГОВ

ЦЕНА: 109 евра (6.750 денари)

ДОЧЕК НА НОВАТА 2022 ГОДИНА

БУКУРЕШТ

СИНАЈА – БРАН – БРАШОВ – СНАГОВ

Програма

1 ден: 30.12.2021 год.

Поаѓање за Букурешт во 13:00 часот од Штип, паркингот пред Новата Пошта, во 15.00 часот од Скопје, паркингот пред хотел ВИП. Ноќно патување преку Софија, Русе со попатни паузи за одмор и  царински формалности .

2 ден: 31.12.2021 год.

Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа,  Патријаршијата, Селото Музеј … Сместување во хотел. Слободно време за индивидулани прошетки . Вечерта можност за дочек на Новата 2022 година на некои од плоштадите во градот . Ноќевање.

3 ден:  01.01.2022 год.

Појадок. Слободен ден за индивидуални активности или факултативна посета на Синаја, Бран и Брашов. Попатна посета на градините на дворецот Пелеш во Синаја, еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на романските кралеви. Самиот замок ќе биде затворен за посетители и ќе има можност да се види однадвор. Продолжуваме кон Замокот Бран, познат уште како Замокот на Дракула. Изграден уште во XIV век, тука во 1462г. бил затворен Дракула. Патувањето продолжува кон градот Брашов, лоциран во централниот дел на земјата, во регионот Трансилванија. Градот е вистински музеј на отворено. Разглед на стариот градски центар во кој се наоѓа и  познатата Црна Црква од XIVвек, најголемата готска црква во југоисточна Европа. Враќање во хотел во вечерните часови..Ноќевање.

4 ден:  02.01.2022 год.

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на езерото Снагов и истоимениот остров, на кој се наоѓа манастирот со гробот на Дракула. Се верува дека местото е полно со тајни и мистерии. Поаѓање за Македонија во попладневните часови.  Дневно и ноќно возење со попатни одмори. Пристигнување во Штип/ Скопје следниот ден во раните утрински часови.

Услови

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел 3* во Букурешт на база две ноќевања со појадок
  • Разгледување на Букурешт со локален туристички водич
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената на аранжманот не  е вклучено:

  • целодневен излет до Кралскиот дводец Пелеш, Дворецот Бран и Брашов (вклучено превоз) 25 € (пријавување при резервација на аранжманот , минимум 35 лица за реализација)
  • влезница за посета на културно историски споменици
  • патничко осигурување – 200 денари (задолжително)

Напомени

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.
  • За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош
  • Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари
  • За овој аранжман важат општите услови за патување

Covid 19 Напомени

  • Патувањето ќе се одвива според пропишани протоколи за работа со туристички групи
  • За ова патување  е потребно Сертификат за примена вакцина (со поминати 14 дена од втора доза)
  • Лица кои биле потврдени позитивни на инфекцијата со вирусот SARS-CoV-2 во последните 180 дена пред влегување во Романија, за кои поминале најмалку 14 дена од датумот на потврда до датумот на влез

Covid 19 Напомени

За влез во Македонија назад, патниците треба да поседуваат еден од следниве потврди:

  • Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19, со поминати 14 дена од втората доза
  • Сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето
  • Медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез во Македонија или негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез во Македонија.
  • За лица до 18 години, не се задолжителни гореспоменатите документи.

Галерија