Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com
Нова година

ЗЛАТИБОР – Со посета на Сирогојно, Ел Пасо, Дрвенград,Врњачка Бања

Промо цена за резервација до 20.11.2021: 11.350 ден.

Редовна цена на аранжманот од 22.11.2021: 12.350 ден.

 

Златибор, една од најубавите планини во Србија… Доколку копнеете по неверојатно убави пејзажи и чист планински воздух, тогаш Златибор е вистинскиот избор…

Престолонаследникот Ѓорѓе Караѓорѓевиќ уште во 1905-та година за ова планинско место запишал:

„По својата романтичност, Златибор со право може да се нарече Швајцарија без езера“.

Има неколку легенди како планината го добила името, но сите се поврзани со белиот бор кој на едни им бил инспирација за творештво, а на други извор за егзистенција…

„Гледај високо, диши длабоко…Ова е Златибор“!

Програма

Прв ден: 30.12.2021 (четврток)

Тргнување на групата во 21:00 часот од Кавадарци, 22:30 од Скопје и 23:00 часот од Куманово кон Златибор со попатни паузи за царински формалности и одмори.

Втор ден: 31.12.2021 (петок)

Пристигнување во Златибор во утринските часови и заминување на групата кон етно село Сирогојно. Посета на музејот на отворено и специјалната продавница за џемпери по кои Сирогојно е познато во светот. Во пладневните часови сместување во Туристичко Рекреативен Комплекс Златибор https://trkzlatibor.rs/ (ex SRC Wai Tai), кој се наоѓа на одлична локација во центарот на Златибор. Слободно време за одмор. Подготовка за дочек на Нова Година и можност за индивидуална прошетка низ центарот на Златибор. Вечера. Дочек на Нова Година на Кралскиот плоштад во Златибор или по сопствен избор во некој од многуте ресторани или кафе-барови. Ноќевање.

Трет ден: 01.01.2022 (сабота)

Појадок. Време за одмор и индивидуални активности. Околу пладне факултативно заминување на групата кон Дрвенград, дело на Емир Костурица кој го направил овој “град” за потребите на својот филм “Животот е чудо”. Овде може да ги пробате познатите слатки и природните сокови кои носат име на познати светски личности како што се Новак Ѓоковиќ, Диего Марадона, Џони Деп итн. Потоа посета на изворот “Бела Водa” и познатата железница “Шарганска Осмица”. Во попладневните часови враќање во Златибор. Слободно време за прошетка низ центарот на Златибор и посета на пазарот за сувенири и познатата златиборска пршута и кајмак. Вечера. Ноќевање.

Четврти ден: 02.01.2022 (недела)

Појадок. Посета на каубојскиот град Ел Пасо. Овде ќе се вратите во времето на Дивиот Запад … Ел Пасо претставува реплика на типичен град на Дивиот Запад. Името го добива по истоимениот град во САД и реката која што тече низ самиот град и го дели на два дела односно од едната страна ќе се запознаете со каубојската и индијанската култура, додека од другата страна со српската култура од далечната 1865 год. Следува прошетка низ индијанското село, посета на каубојски Салун и прошетка до црквата која се наоѓа на српската страна на местото. Враќање во Златибор и слободно време за индивидуална прошетка и шопинг низ градот. Вечера. Ноќевање.

Петти ден: 03.01.2022 (понеделник)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Прошетка по познатата Променада со можност за индивидуален ручек и шопинг во многуте продавници во местото. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

Ценовник

Промо цена за резервација до 20.11.2021: 11.350 ден.


Редовна цена на аранжманот од 22.11.2021: 12.350 ден.

Услови

Цената на аранжманот вклучува:

  • Превоз со високо туристички автобус на наведената релација (пополнетост на автобусот по протокол)
  • Три ноќевања со појадок и вечера во Туристичко рекреативен комплекс Златибор во центарот на Златибор https://trkzlatibor.rs/ (ex SRC Wai Tai)
  • Посета на етно село Сирогојно со локален туристички водич
  • Посета на Ел Пасо со локален туристички водич
  • Посета на Врњачка Бања
  • Организација и реализација на патувањето со лиценциран придружник на патувањето

Цената на аранжманот не вклучува:

  • Влезница во музејот во Сирогојно – 150 динари ( околу 80 денари)
  • Влезница во каубојскиот град Ел Пасо – 300 динари ( околу 150 денари)
  • Посета на Дрвенград, Бела Вода и Шарганска осмица со вклучена влезница и локачен водич – 10 евра
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување (информации во агенција)
  • Туристичка такса 186 денари по лице за 3 ноќи (се плаќа во агенција)

Услови за деца:

  • Деца до 2 години бесплатно (не користи седиште во автобус во случај на организиран превоз)
  • Деца од 2–7 години бесплатно за аранжман со сопствен превоз, доплата 2.790 денари за пакет аранжман со организиран превоз (со сопствено седиште во автобус)
  • Деца од 7-12 плаќаат 50% од цената на аранжманот

Напомени:

  • За реализација на ова патување потребни се минимум 40 патници
  • За аранжман со сопствен превоз се одбива 1.350 денари
  • За еднокреветна соба се доплаќа 3.890 денари

Галерија