Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com
Нова година

СОЛУН-ПАРАЛИЈА-МЕТЕОРИ-ВОДЕН

ЦЕНА: 75 евра (4.650 денари)

ДОЧЕК НА НОВАТА 2022 ГОДИНА

СОЛУН – ПАРАЛИЈА – МЕТЕОРИ – ВОДЕН

НОВОГОДИШЕН ШОПИНГ

Програма

1 ден: 31.12.2021 год.

Поаѓање за Солун од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 05.00 часот со туристички автобус. Пристигнување во Солун околу 10.00 часот, следува панорамско разгледување на градот со посета на Виа Игнација, црквата Св. Димитрија, Римскиот форум, Белата Кула…Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг по познатите улици Via Egnatia и Tsimitski, посета на еден од големите шопинг центри Cosmos Mediteranean ( можност да се искористат новогодишните попусти). Попладне поаѓање за Паралиа. Пристигнување и сместување во хотел. Вечерта организирана факултативна свечена Новогодишна вечера во таверна со уметничка програма на грчки песни и танци и со специјалитети на грчката кујна. Дочек на Нова 2022 година. Ноќевање.

2 ден:  01.01.2022 год.

Појадок. По појадокот следи целодневен факултативен излет до манастирската населба Метеори со посета на еден од многуте средновековни манастири подигнати на високи карпи. Попатна посета на Каламбака. Попладне враќање во Паралиа. Слободна вечер или можност за реприза на новогодишната вечер во таверна. Ноќевање.

3 ден:  02.01.2022 год.

Појадок. По појадокот следува слободно предпладне во Паралиа за шопинг. Околу пладне заминување за Македонија со попатна посета на водопадите во Воден. Посета на freeshop Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Услови

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел 3* во Паралиа на база две ноќевања со појадок;
  • Организиран шопинг во Солун и Космос;
  • Разгледување на Солун;
  • Посета на водопадите во Воден;
  • Организација и пратител на патувањето

 Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Факултативен излет до Метеори 10 еур ( минимум 35 лица пријавени за реализација)
  • Новогодишна вечера во таверна
  • Реприза на Новогодишна вечера во таверна
  • Влезници за посетите
  • Патничко осигурување (задолжително)

Напомени

  • За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.
  • За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош.
  • Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување.

Covid 19 Напомени

За влез во Р.Грција, патниците треба да поседуваат еден од следниве потврди:

  • Негативен резултат од PCR тест, не постар од 72 часа од денот на влегување во Р.Грција
  • Негативен резултат од брз антигенски тест, не постар од 48 часа од денот на влегување во Р.Грција
  • Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19, со поминати 14 дена од втората доза
  • Позитивен резултат од PCR тест ( прележан ) на новиот корона вирус (SARS-CoV-2), кој е издаден од регистрирана лабораторија постар од 30 дена, а не е постар од 180 дена од денот на издавањето
  • За лица до 12 години, не се задолжителни гореспоменатите документи.

Covid 19 Напомени

За влез во Македонија назад, патниците треба да поседуваат еден од следниве потврди:

  • Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест COVID-19, со поминати 14 дена од втората доза
  • Сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето
  • Медицинска потврда со негативен резултат од RТ PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез во Македонија или Негативен резултат од брз тест за антиген, направен 48 часа пред влез во Македонија.
  • За лица до 18 години, не се задолжителни гореспоменатите документи.

Галерија