Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Истанбул 3 Ноќевања – Нова Година


12.2022 – 02.01.2023

4 дена, 3 ноќевања

Со појадок + Авионски превоз   од € 379

HOTEL CENTRUM 3*

ИСТАНБУЛ – АВИОНСКИ  ПРЕВОЗ

Престолнина на империи, град кој владее два континента, средиште на цивилизации и култури – се само неколку од многуте дефиниции за Истанбул. Неограничената убавина на Истанбул е тоа што ги привлекува посетителите – безбројни музеи, цркви, џамии, базар, природни убавини. Додека уживате во зајдисонцето седнати покрај Босфорот и ги набљудувате пригушените светла на другиот континент, ќе сфатите зошто токму Истанбул е еден од највеличенствените градови во светот.

За овој град кој пет пати го има менувано своето име, има многу што да се зборува. Една посета на овој град нема да Ви дозволи да ги откриете сите негови тајни. Ќе се воодушевувате, ќе разгледувате, ќе останете без зборови од прекрасната убавина, а сепак никогаш нема да дознаете сѐ за овој бисер на Босфорот. Секогаш останува по нешто за наредна посета и сѐ така до недоглед…

Програма

1 ден 30.12.2022 (петок)

Состанок на групата на аеродром два и пол часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 08:45 часот со број на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 12:15 часот и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности и прошетки. Наш предлог е посета на Капали чаршија, Египетски пазар, трговскиот центар Форум или Кадикој. Ноќевање.

2 ден 31.12.2022 (сабота)

Појадок. Во 08.30 часот (факултативно) посета на најубавата султанска палата Долма Бахче Сарај со стручен водич и превоз. Градена во Европски стил во 19 век, една од најгламурозните палати во светот, палатата зрачи со луксуз. Била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Прошетката продолжува со посета на Ортакој и Истиклал, една од најпознатите улици за шопинг на Таксим. Посета од надвор на кулата Галата, и слободно време за ручек во некој од националните ресторани. Враќање во хотел. ПРЕДЛОГ – ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА на отворено, на некој од плоштадите на Истанбул (индивидуално). Ноќевање.

3 ден 01.01.2023 (недела)

Појадок. Во 09.15 часот (факултативно) крстарење со брод по Босфор, со панорамски разглед на палатите од двете страни на каналот: Долма Бахче, Јилдиз Палатата, Белербеј која се наоѓа покрај самиот мост од Азиската страна и мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија. Прошетка и посета на Накаштепе паркот, од каде има најубав поглед на Босфорот. Слободно време за ручек. Посета на Ушкудар, во азискиот дел на градот, каде ќе може да се разгледа и Кузунџук, населена област со колоритни дрвени куќи, калдрма и секако, омилено место за снимање турски серии. Се продолжува со посета на ридот Чамлиџа, кој е едно од омилените места за рекреација на локалците, и кулата, од која може да уживате во прекрасен панорамски поглед на Босфорот. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 02.01.2023 (понеделник)

Појадок. Одјавување од хотел. Во 08.30 часот (факултативен) разглед на градот со стручен водич: прошетка по Султан Ахмед плоштадот и Византискиот Хиподром. Посета и влез во локалитетите: Султановиот дворец опкружен со море од сите страни Топ Капи Палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, во неа е изложен мечот на пророкот Мухамед и најголемиот дијамант на светот. Сегашниот изглед на палатата датира од времето на Сулејман Величествениот; Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена џамија со 6 минариња; Аја Софија – црква, џамија, музеј… и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век по Христос го изградил Византискиот цар Јустинијан. Кога Османлиите во 1453 год го освоиле Константинопол, Султанот Мехмед Втори црквата веднаш ја претворил во џамија, а Кемал Ататурк во 1935 од Аја Софија направил Музеј.Слободно време за ручек.
Организиран трансфер до аеродром околу 16:00 часот. Полетување за Скопје во 20:25 часот со број на лет ТК 1005. Слетување во Скопје во 19:55 часот.

Ценовник

30.12.2022 – 02.01.2023

4 дена, 3 ноќевања

Со појадок + Авионски превоз   од € 379

HOTEL CENTRUM 3*

Услови и напомени

Во цената се вклучени следниве услуги:

  • Авио билет Скопје – Истанбул – Скопје на Turkish Airlines со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж
  • Организиран трансфер: аеродром – хотел – аеродром
  • 3 ноќевања со појадок Hotel Centrum 3* во срцето на градот Султан Ахмет hotelcentrumistanbul.com
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се вклучени следниве услуги:

  • Посета на Долмабахче палатата, Истиклал и Ортакој (70 € со вклучен трансфер, водич и влезница за во палатата)
  • Крстарење по Босфорот, Накаштепе, Чамилџа (75 еур со вклучен брод, трансфер и водич) – карта за влез во кулата не е вклучена
  • Разглед на градот (Хиподром, Аја Софија, Сина Џамија) со локален водич и влезница за Топкапи палатата (50 евра)
  • Патничко и здравствено осигурување 185 ден

Важна напомена:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур = 61.8 мкд)
  • За влез во Р. Турција потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци
  • Цените за еднокреветна и трокреветна соба, како и за сместување со деца се достапни на барање.
  • Краен рок за пријавување 15.12.2022. Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
  • За реализација на аранжманот и факултативните разгледувања потребен е минимум од 25 патници
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел

Галерија

Нова година