1 ден 29.12.2024 (Недела)
Состанок на групата на аеродром два часа пред полетување. Полетување со Turkish Airlines во 08:45 часот со број на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 12:20 часот и организиран трансфер од аеродром до хотел. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности: Предлог –Посета на некој од познатите трговски центри како на пример Форум со можност за посета на Аквариумот,Шопинг во Капали Чаршија, една од најстарите и најголемите покриени пазари во светот со повеќе од 3000 продавници, посета на трговскиот центар Sapphire сместен во највисоката зграда во Европа (236 м) од каде се пружа прекрасна панорамска глетка на Истанбул- Витуелна прошетка низ Истанбул со хеликоптер во 4D кино, или посета на Karakoy-место со премногу улички и кафетерии, една од нив е познатата улица на чадорите…..Ноќевање.
2 ден 30.12.2024 (Понеделник)
Појадок. Во 08.30 часот ОРГАНИЗИРАН разглед на градот со стручен водич –Пешачка тура: прошетка по Султан Ахмед Плоштадот и Византискиот Хиподром. Прошетка до локалитетите: Топ Капи Палатата – Султановиот дворец опкружен со море од сите страни – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела, во неа е изложен мечот на пророкот Мухамед и најголемиот дијамант на светот; Џамијата Султан Ахмед наречена и Сина Џамија поради своите бои: сина, зелена и бела, последна импресивна градба на Отоманската религиска архитектура, единствена џамија со 6 минариња; Аја Софија – црква, џамија, музеј… и повторно џамија. Архитектонско монументално дело, кое во 6-от век е подигнато од византискиот цар Јустинијан; Влез во Basilica Cistern – Музеј познат по своите столбови– во времето на Византија оваа подземна цистерна го снабдувала Цариград со вода. Враќање во хотел.
Попладне (факултативно) организиран трансфер до брод, каде ќе може да уживате во Предновогодишна турска вечер – ноќно крстарење по Босфорот со вклучена вечера , пијалок и забава. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден 31.01.2024 (Вторник)
Појадок Појадок. Во 08.30 часот (факултативно) посета на најубавата султанска палата Долма Бахче Сарај со стручен водич и превоз. Градена во Европски стил во 19 век, една од најгламурозните палати во светот, која зрачи со луксуз и приказни. Била административен центар на крајот на Отоманската империја со последниот Султан кој живеел во неа, а денес е претворена во музеј кој содржи уметничко историски збирки со непроценливо богатство. Продолжуваме (факултативно) кон Ушкудар, каде ќе може да се посети Кузунџук во азискиот дел на градот, населена област со колоритни дрвени куќи, калдрма и секако, омилено место за снимање турски серии. Се продолжува со посета на ридот Чамлиџа, кој е едно од омилените места за рекреација на локалците, и кулата, од која може да уживате во прекрасен панорамски поглед на Босфорот. Враќање во хотел.
ПРЕДЛОГ – ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА на отворено, на некој од плоштадите на Истанбул (индивидуално). Ноќевање .
4 ден 01.01.2025 (Среда) |