29.12 (вторник) СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на Меѓународниот аеродром Скопје во 13:55 часот. Лет за Рим (W6 4757) во 15:55 часот. Пристигнување во Рим во 17:40 часот. По пристигнувањето, организиран трансфер до хотелот и сместување. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.
30.12 (среда) РИМ – ВАТИКАН
Појадок. Факултативна посета на Ватикан со метро. Разглед на Сикстинската капела, Ватиканските музеи и базиликата Св.Петар. По разгледот, прошетката продолжува покрај величествениот Замок на Ангелите и преку Мостот на Ангелите, со прекрасен поглед кон реката Тибар, до плоштадот Навона. Изграден врз темелите на античкиот стадион на Домицијан од I век, плоштадот Навона претставува едно од најпрепознатливите места во Рим и вистинско ремек-дело на барокната архитектура. Тука се наоѓаат делата на Џан Лоренцо Бернини, меѓу кои и познатата Фонтана на четирите реки (Fontana dei Quattro Fiumi). Следува кратка пауза за кафе и уживање во автентичниот Италијански амбиент. Прошетката продолжува кон Пантеонот – еден од најдобро зачуваните антички споменици во Рим, а потоа и до прочуената Фонтана ди Треви. Тука, според традицијата, не заборавајте да фрлите паричка за повторно да се вратите во Вечниот град. Слободно попладне за индивидуални прошетки и шопинг. Враќање во хотел. Ноќевање.
31.12 (четврток) РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. Факултативна посета на Тиволи – шармантното гратче во близина на Рим, познато по своите прекрасни историски вили и градини. Ќе ја посетиме величествената Villa d’Este, една од најзначајните ренесансни вили во Италија, чии градини се дел од листата на светското културно наследство на UNESCO. Посетата на Тиволи е можност да се доживее спојот на историјата, уметноста и природата во едно од најубавите места во околината на Рим. Враќање во Рим. Дочек на Нова Година на некој од плоштадите во Рим. Ноќевање.
01.01 (петок) РИМ
Појадок. Организирана панорамска пешачка тура, преку која ќе имате можност да ги откриете најзначајните знаменитости на античкиот и историскиот Рим. Турата започнува кај еден од најпознатите симболи на Рим – Колосеумот, кој ќе го разгледате однадвор, со интересно раскажување за неговата историја и значење во античкиот период. Од Колосеумот, прошетката продолжува до Триумфалниот лак на Константин, а потоа кон Римскиот Форум, каде што однадвор ќе ги разгледате остатоците од некогашниот центар на политичкиот, општествениот и религиозниот живот на антички Рим. Прошетката продолжува кон Плоштадот Кампидољо, чиј препознатлив изглед е дизајниран од големиот ренесансен уметник и архитект Микеланџело, а потоа кон Плоштадот Венеција, каде што ќе го видите величествениот споменик на Виктор Емануел II, посветен на обединувањето на Италија. Оттука, продолжуваме по познатата Via del Corso, една од најпознатите улици во центарот на Рим, до величествената Фонтана ди Треви. По краткото разгледување и фотографирање, турата продолжува кон Плоштадот Шпанија и познатите Шпански скали, а потоа низ живописните улички на историскиот центар до Плоштадот дел Пополо (Piazza del Popolo), каде што завршува пешачката тура. Ноќевање.
02.01 (сабота) РИМ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот и слободен ден за индивидуални прошетки. Препорачуваме посета на шармантниот кварт Трастевере, познат по тесните калдрмисани улички, живописните плоштади и автентичната Римска атмосфера, со слободно време за ручек и уживање во традиционалната Италијанска кујна. Во договорено време, трансфер до аеродромот во Рим. Лет за Скопје (W6 4758) во 18:20 часот, со пристигнување во 20:05 часот.