Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Азурен Брег 3НП (Ница-Кан- Антиб- Монако-Монте Карло)


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 15 НОЕМВРИ269 / 16.680 денари

РЕДОВНА  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ289 / 17.920 денари

Ве водиме на незаборавно патување со колоритни предели и неверојатно убави градови… Не ја пропуштајте можноста да уживате во мирисот на ловори, маслинки, море, јасмин и парфем во воздухот… Сето тоа зачинето со неверојатни приказни и сцени кои ќе Ви го одземат здивот… Кан – монденски центар познат по својот престижен филмски фестивал, Ница – Кралица на Азурниот брег, сместена во заливот на Ангелите, кнежеството Монако со романтичната приказна за една љубов и секако Монте Карло и неговите луксузни коцкарници. Уживајте во магијата на Азурниот брег – најпрестижната ривиера на Медитеранот, која е створена да ги заведе очите, умот и фантазијата…

Програма

Термин: 28 Декември

1 ДЕН 28.12.2022 СКОПЈЕ:

 Состанок на групата во 08 00 ч. Поаѓање во 08:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ДЕН  29.12.2022 НИЦА :

Пристигнување во  Designer Outlet Serravalle, најголемиот OUTLET шопинг центар во Европа. Слободно време за шопинг… Во договор со водичот патувањето продолжува накај Ница. Пристигнување во Ница во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за краток одмор. Ве водиме на прошека низ стариот дел на Ница: Кралската опера, балконот на Наполеон, плоштадот Солеја, палатата на правдата ( пешки)… Ноќевање.

03 ДЕН 31.12.2022 НИЦА – АНТИБ – КАНМОНТЕ КАРЛО :

ПојадокПрепорачуваме целодневен излет до монденското место Антиб и гламурозниот Кан. Антиб е прекрасно градче кое го маѓепсало Пикасо, а потоа продолжуваме со посета на монденскиот Кан. Прекрасна прошетка по кроасетата со хотелите Карлтон, Мартинез, Мажестик, Филмската палата, стариот град со тврдината…  Слободно време за прошетки… Враќање во Ница. Препорачуваме дочек на Новата Година во гламурозното Монте Карло, заедно со светскиот џет сет… единствено доживување. Враќање во Ница во ноќните часови.  Ноќевање.

04 ДЕН 01.01.2023 НИЦА – СЕН ТРОПЕ

Појадок. По појадокот препорачуваме посета на најгламурозниот град на Азурниот брег – СЕНТ ТРОПЕ: Прошетка по живописните улички, пристаништето со луксузните јахти и прочуени кафичи ( Senequer) каде вообичаено се испива утринското кафе со познатиот колач Tarte Trapezien.  Во попладневните часови враќање во Ница.Ноќевање.

05 ДЕН  01.01.2023 НИЦА –– ЕЗ – МОНАКО – СКОПЈЕ: 

Појадок. Одјавување од хотел. Посета на Монако со  попатна посета на фабриката за парфеми Фрагонард во Ез. Разглед на Монако: океанографскиот институт, кралската палата, катедралата Св. Никола, градините на принцезата Грејс Кели, патеката на F1, пристаништето….Слободно време. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот продолжува преку Италија, Словенија, Хрватска, Србија… Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

06 ДЕН 02.01.2023 СКОПЈЕ:  Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТА ДО 15 НОЕМВРИ269 / 16.680 денари

РЕДОВНА  ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ289 / 17.920 денари

Услови и напомени

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
  • Сместување во хотел  Azurea, 3*, ( https://www.hotel-azurea.com/fr/) во Ница, на база 3 ноќевања со појадок,
  • Разглед на Ница
  • Посета на Designer Outlet Serravalle шопинг центар
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување 250 мкд,
  • Новогодишна посета на Монте Карло (30€)
  • Посета на Ст. Тропе (40€)
  • Задолжителна посета на Монако и фабрика за парфеми ‘Fragonard’ последниот ден (30€)
  • Посета на Кан и Антиб(35€)

*** ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Азурен брег – 130€

  • Туристичка такса во Ница (3€ по лице на ден, се плаќа во агенција)
  • Влезници за културно историски споменици, музеи.
  • Билети за јавен превоз
  • Доплата за еднокреветна соба 6.900 ден
  • Доплата за избор на седиште 10€

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
Нова година