Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Нова 2023 Година – БЕЛГРАД со Нови Сад

ГРАТИС – Разглед на Белград со локален водич


Цена: 129 еур / 7.998,00 мкд
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Велес, Скопје, Куманово

Нова 2023 Година – БЕЛГРАД со Нови Сад

ГРАТИС – Разглед на Белград со локален водич

Програма

1.Ден 30.12.2022 (Петок)

Состанок со групата на старата автобуска во Прилеп во 23:45, во 00:00 часот поаѓање за Белград. Патот води преку Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2.Ден 31.12.2022 (Сабота)

Пристигнување во Белград во утринските часови. Разглед на градот со локален водич:плоштадот Теразије, Славија, храмот Св.Сава, булеварот на револуцијата, Дедиње, тврдината  Калемегдан, споменикот на Победникот и панорама од каде се гледа вливот на реката Сава во Дунав… Слободно време за индивидуални прошетки и активности низ Кнез Михајлова во центарот на градот. Сместување во хотел. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за индивидуален Новогодишен дочек на плоштад или во некој од многубројните кафичи, кафеани. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3.Ден 01.01.2023 (Недела)

Појадок. По појадокот факултативен излет до Нови Сад–  центар на Српската култура уште познат и како Српска Атина, панорамски разглед на градот , катедралата , Петроварадинската тврдина. Слободно

време во центарот на градот. Враќање во хотел во попладневните часови. Вечерта организиран превоз до центарот на градот за постновогодишни прошетки или забави. Враќање во хотел индивидиално. Ноќевање.

4.Ден 02.01.2023 (Понеделник )

Појадок. Одјавување од хотел. По појадок посета на трговски шопинг центар Ушче или слободно време во центарот на  Белград за индивидуални активности..

Во попладневните часови поаѓање за Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

Ценовник

Цена: 129 еур / 7.998,00 мкд
ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Велес, Скопје, Куманово

Услови и напомени

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • ГРАТИС – Разглед на Белград со локален водич
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Белград
  • Посета на трговскиот центар “Ушче”

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување 150 мкд
  • Задолжителна туристичка такса за хотелот – 200 мкд (се плаќа во агенција)
  • Факултативен излет до Нови Сад – 750 денари- пријавување во агенција, плаќање во автобус.
  • Влезници во културно/историски споменици

НАПОМЕНА!!!

  • За реализација на аранжманот се потребни минимум 45 патници
  • Краен рок за евентуален отказ е 7 дена пред датумот на поаѓање
  • Организаторот на патувањето во задржува правото за измена на поедини содржини од програмата.
  • За факултативните излети се потребни минимум 30 патници
  • Патникот има обврска да го провери пасошот пред патувањето.
  • Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
  • За сингл соба се доплатуваат 50 евра дополнително од аранжманот поради вториот кревет
  • Деца од 0 – 2,99 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
  • Дете до 12 години придружувано со едно возрасно лице плаќа 100% од сумата на аранжманот.
  • Резервации за одреден кат или страна не е можна.
  • Селекција на седиште во автобус! Патниците се сместуваат според временската линија на уплати.
  • Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • За овој аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.
Нова година