Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Будимпешта 3НП (Естергом – Вишеград- Сент Андреа-Виена)


РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: €199,00

Будимпешта – Kралица на Дунав, преполна со култура која освојува и заведува, преполна со романтични мостови и широки булевари, улички со калдрма, живописни куќи… Со спојувањето на трите града- Будим, Обуда и Пешта во 1873 год. настанала единствената Будимпешта, денес град со околу 2 милиони жители, административен, културен, научен, трговски и сообраќаен центар на Унгарија. Будимскиот дворец, авенијата Андраши со плоштадот на хероите и Милениумската подземна железница се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Ако сте љубители на уметноста, архитектурата и историјата Будимпешта е вистинскиот избор за Вас.

Програма

1 ден  28.12.2022СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА   Состанок  на групата пред спортската сала Борис Трајковски  во 13.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 13.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.

2 ден   29.12.2022БУДИМПЕШТА  Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата “Св. Стефан”, мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата “Св. Матејас”, Рибарската тврдина...  Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел…  Ноќевање.

3 ден    30.12.2022БУДИМПЕШТА –ВИЕНА  Појадок. Препорачуваме  целодневна посета на Виена со попатна пауза во аутлет шопинг центарот PARNDORFF. Панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Ноќевање

4 ден   31.12.2022 БУДИМПЕШТА  – ЕСТЕРГОМ – ВИШЕГРАД – СЕНТ АНДРЕА   По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград – некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом – град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја – каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот  и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност  за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта .  Враќање во хотел. Ноќевање

5 ден    01.01.2023 БУДИМПЕШТА  Појадок.По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта. Поаѓање за Македонија во попладневните  часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден  02.01.2023СКОПЈЕ  Пристигнување во Скопје во утринските  часови.

Ценовник

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: €199,00

Услови и напомени

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • 3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување  250 денари
  • Крстарење по Дунав  20€
  • Посета на Естергом, Вишеград и Сент Андреа  30€
  • Посета на Виена и  OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF  50€
  • Задолжителен разглед на Будимпешта со локален водич 15€

***ПАКЕТ ИЗЛЕТИ – Будимпешта – Крстарење – Виена – Сент Андреа – 110€

  • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
  • Туристичка такса 185 ден по лице
  • Доплата за еднокреветна соба  3.600 денари
  • Доплата за седиште по избор 10€

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • за резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓањ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
Нова година