Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Милано (FRANCIACORTA OUTLET – Лугано-Комо-Сирмионе) 3НП


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15 НОЕМВРИ:  18 / 11.720 денари

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  20 / 12.960 денари

“Северниот Бисер” на Италија како го нарекуваат Милано, со бурна историја и стари градби, денеска е центар на Светската Мода. Се е предодредено на Модата , од Архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala, Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици. А вечерите поминете ги во Опера, Театар или во многубројните клубови.

Програма

1 ден  28.12.2022 СКОПЈЕ   

Состанок на групата на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски во 09:30 часот.Поаѓање за Милано во 10:00 часот Се патува преку граничниот премин Tабановце.Патување преку Србија,Хрватска,Словенија со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

2 ден  29.12.2022 FRANCIACORTA OUTLET – МИЛАНО 

Пристигнување во Franciacorta outlet во утринските часови. Слободно време за предновогодишен шопинг. Продолжуваме кон Милано.Пристигнување во Милано во попладневните часови. Сместување во хотел. Можност за прошетки по раздвижените и прекрасно украсени улици на модниот центар на светот, многубројните дуќани, луксузни трговски центри (индивидуално)… Можност за шопинг по најкреативните божиќни тезги поставени во центарот на Милано…  Враќање  во хотел индивидуално. Ноќевање.

3 ден   30.12.2022 МИЛАНО- ЛУГАНО(ШВАЈЦАРИЈА)-КОМО

Појадок.  Предлагаме целодневна посета на Лугано(Швајцарското Монте Карло) и Комо. Разглед на Лугано: катедралата San Lorenzo, црквата Santa Marina di Angelo, стариот град со пркрасните плоштади, казиното, најубавиот парк во Швајцарија “Parco Civico”. Слободно време за прошетки.  Потоа го посетуваме  градчето Комо кое се наоѓа на брегот  на езерото Лаго ди Комо (Италија). Тука Холивудскиот џет-сет има свои вили ( Villa Oleandra на Џорџ Клуни) , вилите на Стинг, Ричард Брансон . Тука е сниман и филмот “Casino Royale” – Џемс Бонд, “Ocean’s Twelve… Можност за факултативно крстарење (30 мин) со брод  покрај некои од прочуените вили .Слободно време за прошетки.  Излет со многу впечатоци. Враќање во Милано во вечерните часови. Ноќевање.

4ден 31.12.2022  МИЛАНО 

Појадок. Предпладне факултативно одиме на разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миалнска опера една од најпознатите оперски куќи во светот… Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел, слободно време за одмор. Вечерта дочек на Нова Година на градскиот плоштад.  Ноќевање.

5 ден  01.01.202МИЛАНО –СИРМИОНЕ – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот одјавување од хотел. Во договор со водичот патувањето  продолжува кон Сирмионе – езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура. Слободно време за индивидуални прошетки.  Патувањето  кон Скопје продолжува  преку Словенија,Хрватска,Србија со попатни паузи. Ноќно возење.

6 ден  02.01.202СКОПЈЕ 

Пристигнување Скопје во попладневните часови.

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 15 НОЕМВРИ:  18 / 11.720 денари

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  20 / 12.960 денари

Услови и напомени

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Милано -Скопје
  • 3 ноќевања во хотел 3* НП во Милано(околина)
  • Посета на Сирмионе
  • Организација и водство на програмата
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ  ВКЛУЧУВА:

  •  Задолжително патничко осигурување 250 денари
  •  Разглед на Миланосо локален водич 20€
  •  Факултативен излет за Лугано и Комо  50€
  •  Крстарење по езерото Комо(30мин) 15€
  •  Задолжителна посета на Сирмионе 10€
  •  Туристичка такса Милано 5€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
  •  Доплата за еднокреветна соба – 4.650 ден
  •  Доплата за избор на седиште во автобус 10€

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
  •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
Нова година