Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Солун – Паралија – Литохоро – Катерини – Воден


ЦЕНА: 119 евра ( 7.350 денари )

НОВОГОДИШЕН ШОПИНГ

ДОЧЕК НА НОВАТА 2025 ГОДИНА

Солун – Паралија – Литохоро – Катерини – Воден

-НОВОГОДИШЕН ШОПИНГ-

Програма

1 ден: 31.12.2024 год. Поаѓање за Солун од Скопје на паркингот кај СЦ “Борис Трајковски“ во 05.00 часот со туристички автобус. Пристигнување во Солун околу 10.00 часот, следува панорамско разгледување на градот со посета на Виа Игнација, црквата Св. Димитрија, Римскиот форум, Белата Кула…Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг по познатите улици Via Egnatia и Tsimitski ( можност да се искористат новогодишните попусти). Попладне поаѓање за Паралиа. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки.  Вечерта организирана факултативна свечена Новогодишна вечера во таверна со уметничка програма на грчки песни и танци и со специјалитети на грчката кујна. Дочек на Новата 2025 година. Ноќевање.

2 ден:  01.01.2025 год. Појадок. После појадокот заминување на факултативен излет до Литохоро и Катерини. Посета и разгледување на новиот манастир Св. Дионисиј и местото Литохоро под падините на планината Олимп. Се продолжува за Катерини – живописен град на областа Пиерија и е познат на нашите туристи кои летуваат на брегот на Олимписката ривиера. Богатите зелени површини, паркови, фонтани и водопади му даваат посебен шарм на ова интересно место во подножјето на митската планина Олимп. Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Паралија.. Ноќевање.

3 ден:  02.01.2025 год. Појадок. По појадокот заминување за Воден и посета на водопадите. Воден или Едеса во превод би значело „Кула на вода“ е веројатно единствениот град на свет каде водопадите се многу блиску до центарот на градот. Ги има седум, а главна атракција е најголемиот Каранос, висок 70 метри именуван во чест на првиот антички македонски крал. Слободно време за прошетка по прекрасните патеки исполнети со зеленило и вода. Попладне заминување за Македонија со посета на freeshop Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Ценовник

ЦЕНА: 119 евра ( 7.350 денари )

Услови и напомени

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел 3* во Паралиа на база две ноќевања со појадок;
  • Разгледување и шопинг во Солун;
  • Посета на водопадите во Воден;
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Факултативен излет до Литохоро и Катерини -5 евра;

(минимум 30 лица пријавени за реализација)

  • Новогодишна вечера во таверна;
  • Влезници за посетите;
  • Патничко осигурување (задолжително)

НАПОМЕНА: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници. За секое лице потребен е поединечен биометриски пасош; Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61.8 денари. За овој аранжман важат општите услови за патување.

Нова година