Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

КИПАР – 11 ОКТОМВРИ


РАНА УПЛАТА ДО 18.09.22  – 299 евра       

РЕДОВНА ЦЕНА – 349 евра

Кипар е островска држава во Средоземното море, трето по големина. Потеклото на името има повеќе толкувања: од грчкиот збор за чемпрес – kyparissos, од грчкиот збор кану – kypros, или по латинскиот назив за бакар – Cuprum (Cyprium) чии рудници некогаш се наоѓале на Кипар.. Средоземната медитеранска клима го прави Кипар едно од најтоплите острови со исклучително голем број на сончеви денови преку целата година, околу 340 сончеви денови..

На целиот остров владеат топли лета, со просечна температура од 30 °C. Островот Кипар е поделен на грчки и турски дел уште од 1974 година. Никозија или Лефкозија е најголем и главен град на Кипар, каде северниот дел на градот припаѓа на Турската република Северен Кипар, а поголемиот дел на Јужен Кипар. Службените јазици се грчки и турски.

Поголемите градови се Лимасол и Ларнака во грчкиот и Киренија и Фамагуста во турскиот дел. Познати туристички места во јужниот дел на Кипар се Ларнака, Пафос, Лимасол и Аја Напа.Бидејќи долго време бил Британска колонија на Кипар се вози од левата страна. Остров каде се мешаат романитката и одморот во релаксирачки природен амбиент.

Once you fall in love with Larnaka, you will discover for yourself why both flamingos and visitors always return to their favourite Mediterranean region

Програма

1 ден: (08.10 – сабота) – СКОПЈЕ – ЛАРНАКА – КИПАР

Состанок на групата на Дрво декор во 00:00. Тргнување кон аеродромот во Солун. Полетување за Ларнака во 09:45 ч. Пристигнување во Ларнака во 11:45 часот. Трансфер до хотелот и сместување.

Компактно убава, лесно достапна и вистински автентична, Ларнака е најстариот град на Кипар или неговата ,,душа”. Со богата историја која датира од пред 10.000 години Ларнака е ,,душата” на Кипар.

Централно поставена има многу лесен пристап до и од сите региони долж островот. Денес модерен космополитски град , подеднакво убав  и како град и како ресорт. Разглед на градот Ларнака каде ќе имате можност да прошетате и уживате во прекрасниот пејсаж кој го нуди плажата во Ларнака. Потоа се посетува центарот на градот како и  црквата Св.Лазар. Впрочем, овој храм не е само лоциран во срцето на Ларнака,но се смета за најубав на островот. Покрај тоа, не е никакво место да се додаде дека е тука дека до денес се чуваат моштите на Лазар, кои, според библиските приказни, Исус Христос воскреснал. Слободно време за кафе, ручек или пак коктел покрај многубројните барови, ресторани, таверни кои се наоѓаат на самиот брег.Слободно време. Ноќевање.

2 ден: (09.10.– недела) – АЈА НАПА

Појадок во хотел. За овој ден предлагаме факултативен излет за да поминете прекрасен ден во градот Аја Напа.

Аја Напа е можеби најпопуларен туристички центар на Кипар, со многу сонце, кристално чисто море и прекрасни пејзажи. Некогашно мало, рибарско село, сместено во увала, денес е престижен туристички центар. Друго име му е и „втора Ибица„ за сите кои сакаат море, спортови на вода и активен ноќен живот.

Бројните ресторани, барови, дискотеки и тренд клубови работат скоро непрекинато, па се препорачува пред се на помладите, но секако дека има места и за помирен и опуштен одмор. Ја красат широки, песочни плажа, од кои најпознатите се Golden Beach – долга 1 км  и Nissi Beach – долга 2 км. Враќање во хотел. Слободни активности.  Ноќевање.

3 ден: (10.10. – понеделник ) –  НИКОЗИЈА

Факултативна  посета на Никозија, локално се употребува името Левкозија. Главниот град на Кипар кој лежи на реката Педиео.Градот е разделен на два дела. Северниот дел се наоѓа во Турска , Република Северен Кипар.Старото име на градот е Ледра. Француските крстоносци не можеле или не сакале да го изговорат името Лефкозија , па затоа градот го нарекле Никозија.Ледра денес е името на најпопуларната трговска улица во Никозија.

Прошетка низ градот и слободно време за ручек и индивидални активности. Враќање во хотел. Слободни активности. .Ноќевање.

4 ден: (11.10. – вторник) – ЛАРНАКА –СОЛУН- СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Одјавување од хотел. Трансфер до аеродормот во Ларнака во 05:00 часот. Чекирање, пасошки и царински формалности. Полетување кон Солун е во 07:00 часот. Пристигнување во Солун во 09:20 часот локално време.

По слетувањето се упатуваме кон центарот на Солун каде ќе можете да уживате покрај морето и да се напиете кафе, да се почастите ручек или пак да си направите мини шопинг тура. Во попладневните часови заминување за Скопје, Пристигнување во вечерните часови.

Ценовник

РАНА УПЛАТА ДО 18.09.22  – 299 евра

РЕДОВНА ЦЕНА – 349 евра

Услови и напомени

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧЕНИ СЕ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

Директен лет на релација Солун – Ларнака – Солун со авикомпанија Wizz Air;

Трансфер на релација Скопје-Солун-Скопје

Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm;

Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака;

Сместување во хотел  на база ноќевање со појадок – хотел Cactus –http://cactushotel-larnaka.com/en/

Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата;

Организација на аранжманот и придружник на патувањето.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ СЕ ВКЛУЧЕНИ СЛЕДНИТЕ УСЛУГИ:

Доплата за кабински багаж до 10кг  (55 x 40 x 23 cm)– 2.400 денари за двата правца

Туристичка такса –  (2 еврa по ноќ по лице)

Факултативна посета  на  Никозија со пратител и трансфер – 30 евра

Факултативна целодневна посета на плажа Аја Напа со пратител и трансфер –  25 евра

Патничко осигурување  250 денари