Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

ПАРИЗ ГРАДОТ НА СВЕТЛИНАТА


Авион /4 дена /3 ноќевања

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 459 евра (28.460 денари)

ПАРИЗ ГРАДОТ НА СВЕТЛИНАТА

Сместен на северот од Франција на реката Сена, Париз ја заслужува репутацијата на најубав, романичен град, со богата историја и големо влијание во рамките на културата, уметноста, модата, дизајнот, храната… Утринско кафе во кафуле на самиот тротоар, мирис на кроасан со путер… Денот го продолжуваме со прошетка покрај Сена, воодушевувајќи се на Ајфеловата кула, стоп за вонвременска фотографија… А потоа неколку и покрај Триумфаланата капија, Нотр Дам… Вечерта завршува возбудливо во Мулен Руж…

Ценовник

Авион /4 дена /3 ноќевања

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 459 евра (28.460 денари)

Програма

1 ден  06.10 СКОПЈЕ – ПАРИЗ – Лувр

Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 10.30 часот. Полетување за Париз во 12.30 и пристигнување во Париз во 15.25 часот. Организиран трансфер и панорамски разглед на Париз: Големите булевари, мостовите на Сена, плоштадот Конкорд, Елисејските полиња, Триумфалната Капија, плоштадот Вандом, Операта Гарние, плоштадите Република и Бастиља, Латинскиот кварт, Универзитетот Сорбона, паркот Луксембург… Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

2 ден  07.10 ПАРИЗ

Појадок. Организирана посета на еден од најбогатите светски музеи – импресивниот Лувр, резиденција на француските кралеви, се до нивното преселување во дворецот Версај (превоз со метро). Посета на најпознатата светска колекција на уметнички дела, меѓу кои и Да Винчиевата славна Мона Лиза, античката скулптура Венера Милоска и сплавот на медузите… Посета на Катедралата Нотр Дам, во најстариот дел од Париз. Продолжуваме кон модерниот бизнис центар Дефанс, пршетка до квартот Сан Мишел и живописниот Латински кварт. Прошетка до плоштадот на уметниците Монмартр и Базиликата Sacre Couer која Парижани ја нарекуваат “белата гулабица”. Одиме до квартот Пигал, познат по бројните кабареа, меѓу кои и светски познатиот Mouline Rouge. Препорачуваме романтично крстарење со брод по Сена, под 24-те париски мостови со прекрасен поглед кон знаменитостите од друга перспектива. Ноќевање.

3 ден  08.10 ПАРИЗ – Версај

Појадок. Факултативна посета на ремек делото на францускиот класицизам, величенствениот дворец Версај, една од најлуксузните кралски палати во Европа. Прошетка по кралските апартмани, прочуената сала со огледала, прекрасните градини на “Кралот на Сонцето” Луј XIV, многубројните фонтани, скулптури и прекрасни фигури од зеленило…. Во попладневните часови, посета на Ајфеловата Кула и можност за уживање во панорамската глетка кон Париз од вториотот кат (со метро). Ноќевање.

4 ден  09.10 ПАРИЗ – СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување за Скопје во 15.10,  пристигнување во 17.50 часот.

Услови и напомени

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

–       Авионски превоз на релација Скопје – Париз – Скопје

–       Рачен багаж (1 торба/куфер со димензии 40х30х20см)

–       Организирани трансфери во Париз со автобус на релација аеродром – хотел – аеродром

–       Сместување во Хотел IBIS LA DEFENSE CENTRE 3*  и NOVOTEL LA DEFENSE 4* во Париз на база 3 ноќевања со појадок

–       Напомена: Сместувањето во хотел IBIS за двокреветни соби, сместување во хотел NOVOTEL за трокреветни и четирикреветни соби.

–       Оганизиран разглед на Париз

–       Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

–       Аеродромски такси 4.960 денари

–       Голема кабинска торба (димензии 55х45х25см) 2.000 ден. Чекиран багаж: 1 куфер до 10кг = 3.500 ден / 20кг = 4.000 ден

–       Туристичка такса 560 мкд  – се плаќа во агенција

–       Посета на Версај  80 евра (вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич, трансфер) задолжително е резервација и уплата во агенција

–       Посета на Лувр 50 евра (вклучено резервација, влезница, слушалки, лиценциран водич) задолжително е резервација и уплата во агенција

–       Влезница за Ајфелова Кула 20 евра до 2кат

–       Крстарење по Сена 20 евра

–       Карти за јавен превоз (метро)

–       Патничко-здравствено осигурување

–       Доплата за еднокреветна 5.400 мкд

Напомена:

– Хотелите IBIS и NOVOTEL се наѓаат еден до друг. Деца до 3 години можат да се сместат во хотел бесплатно со двајца возрасни.

– Цените се по лице за сместување во двокреветни, трокреветни соби или четирикреветни соби. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 62,00 денари. Калкулацијата е правена на минимум пријавени 20 патници.

– За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ. За уплати на “early booking” потребна е уплата 50% од вкупната сума на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање.

– При резервација задолжително изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот, како би можела агенцијата навремено да направи и потврди резервации за истите.

– Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање, доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

– Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.

– Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се да ги приложат во агенцијата за проверка, патната исправа треба да е валидна минимум 6 месеци по завршувањето на аранжманот.