Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

8ми Март автобуски – Стразбур + Колмар + Милано 3НП


07.03 – 12.03.2023

ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 299€ до 20.01.2023

РЕГУЛАРНА ЦЕНА: 329

Во Франција, на исток заграден со планинскиот масив Вогези, а на запад со Германија, се наоѓа регионот АЛЗАС. Историјата, пејсаѓот и културата на овој дел од Франција пленат со својата убавина, разновидност… Главен град на регионот е СТРАЗБУРГ кој е еден од најзначајните центри на Европската Унија. Карактеристично за овој регион се лозовите насади кои ги даваат едни од најпознатите сорти на вина, врв на светскиот квалитет на бели вина од ароматични сорти на грозје. Со својата величествена и дива убавина, планинскиот масив ШВАРЦВАЛД ( Црната Шума) во германската сојузна држава Баден – Буртенберг формира издолжен правоаголник помеѓу градовите Карлсруе, Штудгард, Базел и езерото Констанца. Шварцвалд отсекогаш фасцинирал и инспирирал со непрегледните низи на ели, борови и буки, потоци, реки и горски езера, пасишта и ливади… а во плодната долина се сместени симпатичните градчиња и села…

Програма

ДЕН 1. (07.03.2023) СКОПЈЕ – СТРАЗБУРГ          

Состанок со групата во однапред договорено време и место. Поаѓање кон Стразбург со попатни паузи и гранични регулативи.

ДЕН 2. (08.03.2023) СТРАЗБУРГ

Пристигнување во Стразбург околу пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и релаксација од патувањето. Факултативна прошетка и разглед на историскиот/стариот дел на градот: величенствената катедрала Нотр Дам градена од 12-ти до 15-ти век во готски стил висока 142 метри, Старата царина, Палатата Рохан, куќата Камерзел, плоштадот Гутенберг. Стариот дел на градот, заштитена како светско културно наследство од УНЕСКО во 1988-ма година, познат и како мала Франција е најсликовит дел на Стразбург изобилува со шарени градби од дрво кои се градени помеѓу 16-ти и 17-ти век, со покриени мостови и одбранбени кули од 13-ти век. Слободно време за индивидуална прошетка низ познатите улици на Стразбург. Ноќевање.

ДЕН 3 (09.03.2023) СТРАЗБУРГ – КОЛМАР – РИКВИЛ – СТРАЗБУРГ

Појадок. По појадокот следува факултативна посета на прекрасното француско гратче Колмар и селото Риквил, кое во овој период од годината нуди неверојатeн амбиент поради преполните излози и продавници кои се дел од познатиот Божиќен маркет. Можеби ова е периодот од годината кога овој град добива посебна убавина и магија која ќе ве остави без зборови… Риквир едно од најубавите села во Франција со годишна посетеност од околу милијон туристи. Тесните улички потсетуваат на сценографија за некој филм чие дејство се одвива во средниот век. Интересни се кулата на северната капија од 13-ти век, црквата од 14-ти век, станбените згради кои потекнуваат од 16-ти и 17-ти век. Слободно време. Патувањето продолжува кон Колмар. Ќе се загубите во блесокот на светилките и богато украсената архитектура. Колмар години наназад се наоѓа на врвот на најубаво украсени новогодишни дестинации, а токму тоа е причината што ги примамува туристите од целиот свет да го посетат Колмар пред Божиќните празници.  Поради многубројните мостови, канали и преубави плоштади се нарекува мала Венеција. Стариот и зачуван средновековен центар на градот од 9-ти век е главна туристичка атракција која привлекува огромен број на туристи. Во старите древни градби се наоѓаат цркви, продавници, сувенирници, кафулиња, ресторани… Религиските и културни знаменитости во Колмарсе протегаат низ многувековната Германско-Француска историја. Слободно време во историскиот центар на градот: црквата Свети Мартин, Доминиканска црква, куќата Пфистер, квартот Танеурс, музејот Бартолди, музејот Унтерлинден..Слободно време за уживање во магичниот Колмар. Враќање назад кон Стразбург. Ноќевање.

ДЕН 4 (10.03.2023) СТРАЗБУГ – МИЛАНО

Појадок. По појадокот следува напуштање на хотелот и упатување кон центарот на Стразбург каде што следува организиран разглед на административниот дел на градот: седиштето на Европскиот Парламент, канцеларијата на Европскиот народен правобранител, седиштето на советот на Европа и судот за човекови права. Во попладневните часови поаѓање кон Милано. Во вечерните часови пристигнување во Милано и сместување во хотел. Ноќевање.

ДЕН 5 (11.03.2023) МИЛАНО – СКОПЈЕ

Појадок. По појадокот следи организиран разглед на Милано: замокот Сфорцеско – некогашната службена резиденција на миланските војводи, централниот плоштад Дуомо и Катедралата Дуомо – петта по големина во светот и најголема катедрала во Италија, за чија изградба биле потребни 6 века, Via Vittorio Emanuele главната шопинг улица и центар на вечерните збиднувања, Galleria Vittorio Emanuele – покриен 196 метарски коридор со витражно стакло, со бројни продавници, La Scala, зграда на миланската опера и една од најпознатите оперски куќи во светот, црквата Santa Maria delle Grazie. Слободно време за дополнително уживање во градот на модат. Во вечерните часови поаѓање назад кон Скопје со попатни паузи и гранични регулативи.

ДЕН 6 (12.03.2023) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

Ценовник

ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 299€ до 20.01.2023

РЕГУЛАРНА ЦЕНА: 329

Услови и напомени

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со модерен високо туристички автобус (АС, ТV, WC…) на релација СКОПЈЕ – СТРАЗБУР – МИЛАНО – СКОПЈЕ
  • 2 ноќевања со појадок во хотел во Стразбург
  • 1 ноќевање со појадок во хотел во Милано
  • Организација на патувањето со пратител

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко – здравствено осигурување
  • Туристички такси во хотелите
  • Факултативни излети
    • Посета на Колмар и Риквил 50
    • Разглед на Стразбоург централен историски и административен дел на градот – 10
  • Индивидуални трошоци
  • Доплата за еднокреветна соба 100€