Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

8ми Март автобуски – Венеција + Верона + Трст 2НП


(08.03 – 12.03)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

159 по лице

8ми Март автобуски – Венеција + Верона + Трст 2НП


(08.03 – 12.03)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

159 по лице

Програма

1.ДЕН (08.03 Среда) СКОПЈЕ – ВЕРОНА
Состанок со групата во попладневните часови. Поаѓање кон Верона. Патувањето се одвива преку Р.Србија,  Р.Хрватска и Р.Словенија со попатни паузи и царински регулативи.

2.ДЕН (09.03 Четврток) ВЕРОНА
Пристигнување во Верона во утринските часови при што следува пешачки разглед на градот (факултативно): Плоштадот Бра, Арената, пешачката улица Мацини, Плоштадот Ербе, Плоштадот Сињори, Куќата на Јулија… Слободно време за уживање во центарот на Верона…Сместување во хотел. Слободно време за одмор и релаксација. Предлагаме вечерна индивидуална прошетка низ Верона. Ноќевање.

3.ДЕН (10.03 Петок) ВЕНЕЦИЈА – ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО
Појадок. По појадокот следува напуштање на хотелот во Верона и упатување кон Венеција. Пристигнување на пристаништето Пунта Сабиони по што следува факултативно возење со бротче до Венеција и пешачки разглед на прекрасното италијанско гратче: Шеталиштето на робовите, Црквата Санта Мариа дела Пиета, Стариот затвор, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Плоштадот Св.Марко, Базиликата Св.Марко, Часовникот Орлој, Мостот Риалто… Слободно време за индивидуална прошетка низ Венеција. Враќање назад кон пристаништето Пунта Сабиони и упатување кон туристичкото место Лидо Ди Јесоло каде што се наоѓа хотелот во којшто ќе престојуваме. Сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.

4.ДЕН (11.03 Сабота) ПАЛМАНОВА – ТРСТ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот следува напуштање на хотелот во Лидо ди Јесоло и упатување кон аутлет центарот во Палманова. Слободно време за шопинг и релаксација. По завршувањето на посетата на аутлет центарот во Палманова, се упатуваме кон уште едно прекрасно италијанско гратче сместено на самата граница со Словенија – ТРСТ. Слободно време во центарот на Трст. Препорачуваме кафе или ручек во некој од прекрасните ресторани сместени на самото крајбрежје. Во вечерните часови поаѓање кон Скопје со попатни паузи и царински регулативи.

5.ДЕН (12.03 Недела) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови. Крај на програмот.

Ценовник

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

159 по лице

Услови и напомени

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Верона – Венеција – Палманова – Трст – Скопје
  • 1 ноќевање со појадок во Верона
  • 1 ноќевање со појадок во Лидо Ди Јесоло
  • Посета на аутлет центарот “Palmanova” во Италија
  • Посета на Трст
  • Организација на патувањето

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжителен пешачки разглед на Верона (20€)
  • Факултативна посета на Венеција (30€)
  • Туристичка такса во Верона (1.5€)
  • Туристичка такса во Лидо Ди Јесоло (1.5€)
  • Патничко здравствено осигурување
  • Индивидуални трошоци