Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Куманово Спа – Куманово


Куманово спа е нов и модерен мулти-функционален објект кој располага со луксузен Rooftop Bar, затворена бања со минерална вода, ресторан сместен на тивка, пространа локација и опколен со зеленило, соби и апартмани, стручен тим од масери и физиотерапевти кои нудат секаков вид на релакс и медицинска масажа, како и спа центар изграден по најнови стандарди. Објектот се наоѓа на 3 км од центарот на Куманово. Затворениот базен е исполнет со познатата кумановска термо-минерална вода, која е единствена по својот состав во цела Европа. Водата е погодна за лекување на заболувања на нервниот (неврози, несоници, психички и нервни исцрпености) и дигестивниот (гастрит, проблеми со бубрези, чир на дванаестпалачно црево, хронично воспаление на дебелото црево) систем, како и за лекување на гинеколошки проблеми, егземи и разни дерматити. Познато е дека оваа вода го обновува и ткивото, односно подмладува телото.
Во објектот има 21 комфорна и пространа соба. Секоја од собите е опремена со елегантен мебел, ЛЦД ТВ, клима, wi-fi, телефон, тераси со одличен поглед и беспрекорна собна услуга.

Ценовник

ЦЕНОВНИК ЗА 2025
ТИП НА СОБА 2025
ЕДНОКРЕВЕТНА СОБА 55 €
ДВОКРЕВЕТНА СОБА 82 €
ТРОКРЕВЕТНА СОБА 85 €
АПАРТМАН 92 €

Услови напомени

Во цените е вклучено:
  • Цените понудени во табелата се по соба за ноќевање со појадок.
  • Користење на спа ценатр (базен со термална вода, сауна и парна бања).
  • 10% попуст за сметките во ресторанот и масажи.
Во цените не е вклучено:
  • Полупансион 8.5 €.
  • Полн пансион 17 €.

Спа центар

Затворена бања
Бањата е исполнета со познатата кумановска термо-минерална вода чии лековити својства се надалеку познати. Според разни хемиски испитувања и анализи, оваа термална вода по квалитетот е на второ место во Европа, веднаш по познатите Карлови Вари. Водата е погодна за лекување на заболувања на нервниот, дигестивниот систем, како и за лекување на гинеколошки проблеми, егземи и разни дерматити. Познато е дека оваа вода го обновува и ткивото, односно подмладува телото. Базенот се простира на површина од 50м2, располага со најсовремен систем за филтрација и соодветни придружни елементи.

Сауна
Доживејте холистичка рекреација на телото, умот и душата. Сауната го зајакнува имунитетот, ја стимулира циркулацијата и го подобрува капацитетот на белите дробови поради ширењето на крвните садови. Дополнителен ефект е и декотсикацијата, која настанува поради брзото исцрпување на течности од организмот.

Парна соба
Бенефитите од користење на парната соба се многубројни: подобрена циркулација, намален крвен притисок, намален стрес, ја хидрира кожата, ги олабавува зглобовите и го зајакнува имунитетниот систем.

Галерија

Велнес и Спа