На окулу 160км од Скопје, односно на помалку од 2 часа возење, ресортот е сместен во источниот планински дел на Македонија со надморска височина од 1100 метри, близу до градот Берово, веднаш над Беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини.
Токму во овој регион, често именуван како мала Швајцарија, се наоѓа еден од четирите воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород, претворајќи го ресортот во беспрекорно чиста воздушна бања.
Изграден од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрва налик ботаничка градина, збогатен со живописен природен резереват во кој слободно живеат срнички, зајачиња и други животинчиња, ресортот е вистинска хармонична бајка.
Со своите содржини меѓу кои е прекрасниот и убедливо најфотографираниот инфинити базен во Македонија; СПА центарот; Ресторан во кој освен во врвната храна може да се ужива и во уметнички ремек дела на најпознати наши и светски автори; баровите со големи надворешни или затворени тераси; комфорните и модерни соби со прекрасен поглед; беспрекорната услуга од светска класа, како и големиот избор од други интересни планински содржини, го прават овој луксузен a сепак интимен комплекс совршено бегство од секојдневието – место за вистински одмор.
Хотелот е исто така максимално подготвен и специјализиран да одговори на сите видови корпорациски барања и услуги вклучувајќи ги активностите на тим билдинг, состаноци, конгреси, семинари, самити и конференции.
А за вашите прослави, свадби, венчавки и други специјални моменти кои се паметат цел живот, Аурора Ресорт и Спа е вистинскиот избор…