Сотка Ѓеоргиески бр.25 048 419 418 075 259 000 infotursprilep@gmail.com

Апартмани Филоксенија – Пефкохори


За целосни уплати до 22 декември – 17% попуст!

Куќа „ Филоксенија “ е лоцирана на околу 100 метри од морето и песочната плажа, во најубавиот дел на Пефкохори. Студијата кои се наоѓаат на првиот и вториот кат од куќата се реновирани пред летото 2017 година. Тие се со комплетно опремени кујни, ЛЦД-телевизори, сопствен тоалет, клима и интернет, кои се вклучени во цената. Терасите се свртени кон улицата, или кон внатрешниот двор. Има паркинг за 6 возила.

Ценовник

Вонсезоски цени (објаени по лицеза 7 ноќевања со вклучен превоз)

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
26.5 – 2.6 7 139 55
2.6 – 9.6 7 159 55
9.6 – 16.6 7 179 55
16.6 – 23.6 7 199 55
23.6 – 30.6 7 219 55

 

(Сезонски цена (објавени за наем на мезонета за 7 ноќевања)

Термин Ноќевања Двокреветно

студио

Трикреветно студио Четирикреветно
студио
30.6 – 7.7 7 385 490 525
7.7 – 14.7 7 420 525 560
14.7 – 21.7 7 455 560 630
21.7 – 28.7 7 490 595 665
28.7 – 4.8 7 490 595 665
4.8 – 11.8 7 490 595 665
11.8 – 18.8 7 490 595 665
18.8 – 25.8 7 490 595 665
25.8 – 1.9 7 455 560 630

 

Вонсезоски цени (објаени по лицеза 7 ноќевања со вклучен превоз)

Термин Ноќевања 1 и 2 лице 3 и 4 лице
1.9– 8.9 7 219 55
8.9–15.9 7 199 55
15.9–22.9 7 159 55
22.9-29.9 7 139 55

Услови и напомени

  • Цените во табелите се објавени во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денарска противвредност а по курс 1 евро = 62 мкд.
  • Вонсезонските цени се дадени (објавени) по лице за 7 ноќевања со вклучен автобуски превоз. Доплатата за 3, 4, 5 или 6 лице (во зависност од бројот на кревети) е задолжителна. За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20 евра од целосната-вкупната сума
  • Сезонските цени се дадени (објавени) за наем на цело студио или апартман за 7 ноќевања, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    • За возрасни 3,100 денари (50 евра)
    • За деца до 11,99 години 2.170 денари (40 евра)
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“ (за сите промени патниците ќе бидат навремено информирани) а состанок на групата е во 2:30 минути. Тргнувањето од Грција кон Македонија е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се прифаќа исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 15 дена пред започнување на аранжманот. Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • При правење на резервација на одбраниот објект, ве молиме да приложите копии од пасоши на сите патници кои ќе престојуваат во истиот.
  • Преземањето на собите е од 14-15 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин. Љубезно молиме да се почитуваме и ова правило.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација (координати и контакт) на сместувачките капацитети во нашите канцеларии.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Туристичката такса која од лето 2024 година изнесува 1,5 евро на ден се плаќа на самото место
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи (важност најмалку 3 месеци од денот на враќање) и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во самата агенција.

Галерија

Лето 2024