Вилата „Vaia“се наоѓа на само 120 од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите имаат опремени кујни, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Кујните и купатилата во вилата се целосно реновирани. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Во сместувачките капацитети има постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики, на третиот крак Атос. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami.
Напомени
– Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио без вклучен превоз
– Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената
– Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин
– Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време
– Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
– Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари
– Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос-Неа Рода
– Тргнување од Скопје во 04.00 часот и од Кавадарци во 05.30 часот пред туристичките агенции
– Цена на повратен билет –45 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години-35 евра…Цена за билет во еден правец 30 евра; деца од 2-12 години- 25 евра. Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплата.
Напомена: Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.