01 ДЕН СКОПЈЕ – СОФИЈА – БАРСЕЛОНА – ЛОРЕТ ДЕ МАР Состанок на групата пред хотел Континентал во договорено време и поаѓање за Софија. Пристигнување на аеродромот во Софија три часа пред летот кој полетува за Барселона во 10:15 часот и слетува во 12:10 часот. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот во Лорет де Мар.
Сместување и слободно време за одмор за уживање на локалната плажа.
Кратка прошетка во околината и забава во ноќен клуб до раните утрински часови.
02 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР Слободно време за уживање и заедничка дружба на една од плажите во Лорет де Мар.
Во попладневните часови враќање во хотел, кратка пауза за подготовка и прошетка во Лорет де Мар. После прошетката посета на ноќен клуб и забава до раните утрински часови.
03 ДЕН БАРСЕЛОНА Слободно време за релаксација на плажата во Лорет де Мар и дружба во некој од beach баровите во кои секојдневно се организираат различни забави.
Во попладневните часови се упатуваме кон Барселона каде разгледот го започнуваме со посета на плоштадот Каталонија, авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија, Готскиот кварт… Прошетка низ познатата улица „Рамблас“, една од најдинамичните улици во светот.
Враќање во Лорет и забава во ноќен клуб.
04 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР Слободен ден за уживање на плажа во Лорет де Мар или некој од околните градчиња како што се Бланес или Калела.
Во вечерните часови прошетка во Лорет. После прошетката групата се упатува на забава во еден од многубројните клубови во градот до раните утрински часови.
05 ДЕН BOAT PARTY по брегот на Коста Брава Неколку часовно крстарење со катамаран по брегот на Коста Брава. Турата започнува од Лорет де Мар и е во времетраење од околу 4 часа. Прво се упатиме на север во потрага по прекрасните заливи и пештери кои се наоѓаат помеѓу Кала Левадо, Тоса де Мар и Кала Футадера. За време на целото патување можеме да пиеме безалкохолни пијалоци, сангрија и пиво.
Во текот на крстарењето ќе се закотвиме во заливот со можности за капење, нуркање и сончање. За време на паузата ќе се служи ручек: тестенини со салата или „Al dente“ сос од домати, скара подготвена на бродот со говедски плескавици и маринирани коцки пилешко заедно со овошен коктел. За време на кружното патување до и од заливите ќе има музика и танцување, со диџеј.
После крстарењето во вечерните часови заедничка дружба во локално кафуле.
06 ДЕН FLAMENCO SHOW Дневно уживање на плажата во Лорет де Мар во beach бар со прекрасна шпанска музика.
Во попладневните часови разглед на Барселона со посета на паркот Гуел – едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и знаменитост на Барселона. Потоа се упатуваме кон Шпанското село кое претставува музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разновидноста на селата во Шпанија.
Посета на едно од најстарите „фламенко таблао“ во Барселона. Уживаме во Flamenco Show во времетраење од 40 минути со екипа која се состои од гитаристи, пејачи и перкусии и која ќе го постави темпото на фламенко вечерта. Фламенкото е форма на песна, танц и инструментална (најчесто гитара) музика која најчесто се поврзува со Андалузиските Роми од јужна Шпанија. Суштината на фламенкото е cante или песна. По средината на 19-ти век, песната за фламенко обично била придружена со музика на гитара и palo seco (стап што се удира од подот за да се одржи такт) и танчерка која изведувала серија кореографски чекори и импровизирани стилови.
07 ДЕН ЛОРЕТ ДЕ МАР Слободен ден за уживање на плажа во Лорет де Мар или некој од околните градчиња.
08 ДЕН БАРСЕЛОНА – СОФИЈА – СКОПЈЕ Во раните утрински часови одјавување од хотелот и со организиран трансфер се упатуваме до аеродромот во Барселона со пристигнување три часа пред летот кој полетува во 06:00 часот и слетува во Софија во 09:50 часот. Оттаму со организиран транфер патување кон Скопје и пристигнување во попладневните часови.